Пејачот Јордан Митев плачел од среќа кога му се родила ЌЕРКАТА – семејството за него е света работа
На пејачот никогаш не му било поубаво на душичката
Популарниот Јордан Митев важи за еден од најдобрите и најбараните македонски фолк-пејачи.
Но тој не е само тоа, туку е и кантавтор, академски образуван музичар кој свири на неколку инструменти, уметник и естрадна ѕвезда кој скоро 20 години е присутен на нашата музичка сцена.
Како што самиот откри во една прилика, неговиот прв музички албум почнал да го работи во 2005 година и од тогаш досега напишал и отпеал голем број песни кои и ден-денес се големи фолк хитови.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Но Јордан не крие дека покрај музиката, постои уште една работа во неговиот живот што за него преставува светиња.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Тоа секако е семејството, а неодамна му се случи и најголемата и најубавата среќа во животот кога му се роди ќерка.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Имено, тој веќе неколку недели е на турнеја во Австралија, а во оваа далечна замина и неговата бремена сопруга.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Таа се породи во една приватна клиника во Мелбурн, а нивната ќеркичка го доби преубавото христијанско име Кристина.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Сите овие работи на Јордан му се случија додека тој е на турнеја во Австралија, земјата каде е родена и неговата сопруга.
Имено, неговата сопруга, Славица, е Македонка од Австралија која дојде во Македонија да живее со својот сакан сопруг.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Тие живеат во родното село на Јордан, Подареш, но судбината сакаше Славица да го роди нивното прво дете во Австралија.
Јордан во интервју за „Свет-Австралија“ откри дека пристигањето на приновата во семејството за него било нешто што не може да го опише со зборови, но не крие и дека толку бил возбуден што пуштил солзи радосници.
Инаку, Јордан до крајот на својата турнеја во Австралија има уште неколку настапи за кои се бара влезница повеќе.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Но откако се оствари и во најважната улога во животот Јордан не крие дека му е убаво на душичката, а тоа се чувствува и на неговите настапи со кои популарниот пејач ги воодушевува гостите.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
На овие свирки сите се среќни и насмеани, што може да се види и од видеата што завршуваат на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
На повеќето од нив нашинците од оваа земја се фатени во оро, играат и се веселат, а Јордан ги забавува со неговите хитови.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Неговиот последен настап треба да биде во градот Перт, на 18 ноември, а како што може да се види од објавите на пејачот и на организаторите, и овие влезници се веќе распродадени.