Познатиот фолк-пејач сподели преубава вест – честитки пристигнуваат, тој и сопругата пресреќни (фото)
Овој месец има посебно значење во домот на Марјан Коцев
Синот на познатиот пејач наполни пет години
Познатиот македонски фолк-пејач Марјан Коцев (48) преку социјалните мрежи му го честиташе петтиот роденден на својот син.
Нашиот фолкер на Фејсбук објави слика од својот наследник, а под неа напиша „Среќна 5-ка сине мој“.
Покрај малиот Данило кој се роди во 2018 година од среќа блескаше и неговата сестричка Дуња на која пак роденденот и помина неодамна.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Гордиот татко и тогаш преку социјалните мрежи се огласи и на својата мила наследничка и го честиташе роденденот.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
„Многу брзо ми растеш ќерко! Среќна 10ка душо моја татина! Да ми живееш во здравје и среќа 100 години“, напиша Марјан на почетокот на месецот кога неговата наследничка наполни 10 години.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Потсетуваме, Марјан е во брак со Билјана Коцев со која се ожени во 2010 година, по една година врска.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Тие случајно се запознале на една свадба, а откако ќе им се роди ќерката Дуња, а потоа и синот Данил, за нив цел свет се промени.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Како што самиот пејач откри во една пригода, најтешко му е кога треба да отсуствува од дома на подолго, заради професијата.
„Чекав само да дојде денот кога ќе се качам на авион и ќе си дојдам дома. Скоро секој ден со солзи гледав авионите како доаѓаа и си заминуваа . Ама тоа е…“ изјави познатиот пејач во една пригода за тоа како се чувствувал додека бил на турнеја во Австралија, илјадници километри далеку од своето семејство.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Инаку, во декември семејството треба да прослави уште еден роденден, а тоа е оној на понежната половина на пејачот.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Минатата година тој не беше тука, па роденденот и го честиташе со емотивна објава во која што ги го напиша следново:
„Невесто моја, среќен 41 роденден. Следниот го славиме заедно. Те сакам“, и порача Марјан тогаш на својата сакана сопруга, а дали овој пат ќе го одржи ветувањето, за брзо време ќе имаме прилика да дознаеме.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Тие се заколнаа на вена љубов во јули 2010 година, а како изгледаа на денот на нивната свадба, погледнете во продолжение.