Реклама
Вирално

МАРИЈА Е ДИРЕКТОРKA КОЈА СЕ ОМАЖИ ЗА МАЈСТОР: Имал себично барање од неа и ѝ го уништи животот

Реклама

Популарниот руски психолог Михаил Литвак за веб-страницата Econet.ru раскажа приказна од својата пракса, а ние ви ја пренесуваме во целост:

Марија се соочила со својот проблем и решила да побара помош од познатиот руски психолог Михаил Литвак. Како успешна директорка на компанијата, Марија имаше се што и требаше во деловниот свет, но беше неуспешна во љубовта.

Маркетинг

Нејзината приказна започнува со заљубување во нејзиниот сопруг, човек кој не ја делел нејзината амбиција за професионален напредок.

Додека Марија ја градеше кариерата и одеше кон врвни успеси, нејзиниот сопруг остана работник со просечна плата, без желба за напредување.

Маркетинг

Марија го сакаше својот сопруг, но нејзиниот подем во деловниот свет го направи несреќен. За да го спаси бракот отворено го прашала што да прави. Неговиот одговор беше јасен и конкретен – да ја напушти работата и да се посвети на семејството.

Оваа ситуација е честа дилема со која се соочуваат многу жени во современото општество. Од една страна, постигнувањето професионални цели е важно и може да донесе чувство на задоволство и независност. Од друга страна, балансирањето меѓу кариерата и семејните обврски може да биде исклучителен предизвик.

Приказната на Марија го илустрира конфликтот помеѓу личните амбиции и потребата да се одржи стабилна семејна атмосфера.

Преку ваквите предизвици, луѓето често учат за сопствените вредности, граници и приоритети, што гради посилни врски и овозможува заеднички раст и развој.

Кога Марија се согласила да стане домаќинка заради „мирот во куќата“, немала поим дека ќе се соочи со уште поголеми предизвици. Нејзината одлука не го донела очекуваниот мир во бракот, наместо тоа, нејзиниот сопруг останал огорчен и незадоволен, а нивниот однос само се влошил.

По неколку години обид да го спаси бракот, Марија решила да се разведе. Тоа беше храбра одлука, но не значеше крај на нејзините предизвици.

Марија ја презеде одговорноста за образованието на нејзините ќерки и ја обнови својата кариера. Сепак, нејзиниот љубовен живот сè уште не бил како што сакала.

Нејзината посета на психологот Михаил Литвак откри еден подлабок проблем што лежи во нејзиниот избор на партнери.

Еве кој бил нејзиниот проблем:

„Ако вашиот партнер не расте и не се развива со вас, тогаш оставете го без двоумење. Не обидувајте се да го промените. Не трошете време“, рече Михаил Литвак.

Марија се пожали на неправдата, бидејќи мажите што и се допаѓаат (успешни бизнисмени) имаа домаќинки, мајки, без кариера и успех.

Оние мажи кои ја сакаа Марија беа главно женкари за кои не доаѓаше предвид.

Мојот совет до Марија беше да погледне наоколу меѓу исклучително успешни деловни луѓе кои имаат исти интереси како неа. Ако барате доволно долго, ќе најдете начин да го најдете тоа што го барате.

Затоа, жени – пишувајте докторски дисертации, одете напред и никогаш не гледајте назад. Не гледајте ги луѓето кои се под вас, тие само ќе ве влечат надолу.

Ништо добро нема да излезе од тоа. Дури и целосно да се промените, станете она што тој го бара од вас – и тогаш нема да бидете добри за него, заклучил рускиот психолог Михаил Литвак.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button