Реклама
Наши ѕвезди

Каква трагедија! Уште една смрт во семејството на познатиот македонски пејач што почина пред неколку дена

Голема тага во домот на пејачот што прерано не напушти

Реклама

Важеше за извонредно талентиран музичар и пејач на народна музика, а ќе остане запаметен и по неговите вокални интерпретации со Танец.

Ненадејната смрт на фолк-пејачот Далибор Даки Ѓошиќ (41) ги растажи сите, а најмногу неговите најблиски.

Талентираниот пејач почина на 1о октомври во Скопје, на возраст од 41 година, по кусо и тешко боледување, а зад себе го остави малолетниот син Стефан и ужаленото семејство.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Многу негови пријатели воопшто и не знаеја дека е болен, па беа шокирани кога дознаа за неговата прерана смрт.

Маркетинг

Фото: Фејусбук/ Ива Ѓошиќ

Вчера во просториите на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ беше одржана комеморација по повод смртта на Далибор, кој беше истакнат вокален уметник и солист во овој ансамбл.

На комеморацијата беа присутни бројни негови колеги, а како што откри уметничкиот раководител на сценско-уметничката дејност во НУ “Танец“, етно-музикологот Бранка Костиќ-Марковиќ, а пренесе порталот СДК, таткото на Далибор не можел да присуствува на комеморацијата затоа што истиот ден тој ја испратил својата мајка, односно бабата со која познатиот пејач беше мошне близок.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„За жал, таткото на Далибор, Милан не е тука, тој токму денес ја испраќа својата мајка“, кажа Бранка Костиќ- Марковиќ.

Потсетуваме, Далибор како солист со ансамблот „Танец“ настапуваше од 2007 година, а неговите колеги кои со неверување ја примија тажната вест деновиве споделија бројни снимки од нивните гостувања низ светот, на кои Далибор со својот извонреден талент ја забавува публиката со македонска песна. МРТ во негова чест на 23 октомври ќе го репризира концертот „Славејот од Галичник“ од минатата година, посветен на Александар Сариевски на кој Далибор Даки Ѓошиќ испеа дел од најпознатите песни од Сариевски.

Фејсбук/ Драгица Стефковска Дракче

Далибор ќе остане запаметен и по неговите песни, а во спотот за песната „Животе мој“ се појавува и неговиот малолетен син Стефан.

Оваа балада на Далибор прв пат беше отпеана на „Роса фест“ во 2014, а Даки пред неколку години реши да ја екранизира, но и да го сними спотот заедно со својот син кој тргна по неговите стапки.

Далибор на својот син му има направено и песна за детски фестивал и беше пресреќен што и тој ја сака музиката.

„Без музика не се може“, велеше Ѓошиќ, а дека тоа за него навистина беше така зборува и тоа што тој за време на својот краток, но плодотворен живот остави голем број на безвременски интерпретации на изворни и новосоздадени песни во народен дух кои трајно ќе останат во македонската народна музика како сведоштво за големината и генијалноста на овој наш уметник.

Фејусбук/ Ива Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button