Реклама
Наши ѕвезди

Сузана Спасовска со својот глас им ги насолзи очите на верниците – цела црква полна со емоции (видео)

Сузе со својот ангелски глас ги воодушеви сите

Реклама

Верниците уживаа во ангелскиот глас на Сузана Спасовска

Нашата позната пејачка Сузана Спасовска претходната недела одржа концерт со Православни црковни химни и песнопеења.

Како што самата пејачка го најави овој величествен настан што се одржа по повод Православниот празник Покров на Пресвета Богородица и ангелогласниот Свети Јован Кукузел во храмот Света Петка во Прилеп, композициите што ги изведе со години тлеат и се лек за нејзината душа, па целиот проект го заврши со задоволство..

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Св. Петка Прилеп

Верниците што беа присутни на настанот уживаа во ангелскиот глас на Сузана Спасовска која воедно е и носител на овој посебен музички проект, заедно со Протопсалтот м-р Георгиј Секулоски.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Св. Петка Прилеп

„Му благодарам на Бога што ги испрати моите соработници да ми помогнат во ова мое поинакво патување низ времето. Постојаното покровителство на Пресвета Богородица молитвено да го побараме од неа, повторно да го рашири омофорот над Македонија и светот, и да не заштити од злото“.

Фото: Фејсбук/ Св. Петка Прилеп

„Нека е за многу години!“ напиша Сузана непосредно пред концертот известувајќи ги своите бројни фанови за овој посебен настан.

Пејачката се огласи и по настанот, заблагодарувајќи им се на сите што несебично се вложија во организацијата и програмата, како и на сите присутни, хорот при Храмот Св. Петка и сите останати што на некој начин беа поврзани и помогнаа да се оствари овој проект со кој Сузе ги воодушеви сите.

Таа му се заблагодари и на Митрополит Преспанско-Пелагониски г. Петар кој од срце даде благослов за концертот и изрази желба за што поголема афирмација на проектот во земјата и насекаде низ светот.

Фото: Фејсбук/ Св. Петка Прилеп

По концертот се огласија и од црквата Света Петка во Прилеп, па на нивната Фејсбук страница го напишаа следново:

„Незаборавна вечер во преполниот со народ, храм Св. Петка во Прилеп. Реномираниот естраден уметник Сузана Спасовска во придружба од протопсалтот м-р Георгиј Секулоски, клиросите Бранче Трајкоски и Александар Трајкоски и хорот при храмот „Св. Петка“, ги поведоа присутните гости на невообичаено патување чија траекторија водеше низ црковното музичко минато но, за цело време, оттаму, наѕираше во вечноста. Како што и самата уметничка рече ова, и за неа „невообичаено патување кое се одвива на една поинаква за неа сцена“, започна токму во храмот „Св. Петка“ во Прилеп, односно ова беше прва концертна изведба на црковните песнопенија од проектот наречен „Терирем“. Добро познатиот глас на солистката Сузана Спасовска одзвонуваше во храмот изведувајќи црковни песнопенија кои ги воодушевија сите присутни“ пишува старешината на црквата.

„Пеејќи од душа, со срце набиено емоции и надополнето со вера во Бога, солистката со својот добро познат, моќен а во исто време нежен вокал, задре во најдлабоките сокровишта на душите „топејќи“ ги срцата на присутните па не беше реткост да се видат и насолзени очи“.

После секоја песна следуваше силен аплауз а на крајот, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, одржа кратко пофално слово.

Воодушевувањето лебдеше околу храмот уште долго по завршувањето на концертот, пропратено со благодарност на Бога за прекрасната вечер која ни ја приреди нашата Сузана Спасовска. Веруваме дека ехото од овој концерт на духовна музика силно ќе одекне не само во Македонија и македонските храмови ами и во соседните православни дршави и цркви и, се разбира низ храмовите во дијаспората.

в.д. старешина на храм „Св. Петка“ протоереј Љупче Петрески“, пишува во објавата на Фејсбук страницата на Света Петка Прилеп.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button