Само Елена Ристеска може да се облече вака и да изгледа како права „бомба“
Убавата Елена сме ја виделе во секакви изданија, од лежерни појавувања до гламурозни креации и секогаш умее да го носи тоа што ќе го облече како професионален модел.
Атрактивната пејачка Елена Ристевска одамна не направила нова песна, но нејзината популарност не стивнува.
Каде и да се појави Елена блеска како вистинска ѕвезда.
Некогашната мала слатка пејачка од „М2“ , а денес вистинска убавица е репер за новата генерација на пејачи како за вокалните способности така и за сценскиот настап, но и за целокупниот изглед.
Убавата Елена сме ја виделе во секакви изданија, од лежерни појавувања до гламурозни креации и секогаш умее да го носи тоа што ќе го облече како професионален модел.
Ристевска се појави оваа година на „Виноскоп“ , а со својот концерт ја расположи публиката, тоа е видливо од бројните фотографии распеани луѓе.
За оваа пригода Елена беше облечена во црни фармерки и црна тесна кожна јакна, едноставно, но исто време полн погодок за конкретниот настап.
Пејачката овој пат одбрала фокусот да го стави на шминката и фризурата. Модерен сценски мејкап направен до страна на незаменливиот Даниел Николовски.
А, фризурата што ја носи ќе стане тотален хит кај девојките. Убаво собрана целата коса во коњско опавче, сплетена лежарна рибина плетенка.Прекрасно и стои.
Погледнете дел од атмосферата низ галеријата во продолжение.
* Фото/Принсткрин Инстаграм