Сопругата на Саша Поповиќ пејачката Сузана Јовановиќ во гостување во емисијата „Премиер викенд специјал“ откри детали за бракот кои јавноста не ги знаеше до сега.
фото инстаграм/Сузана Јовановиќ
Имено таа во интервјуто откри и дека во домот се однесува како права домаќинка и дека таа пере, пегла, готви иако многумина мислат дека воопшто не се занимава со домашните обврски.
фото инстаграм/Сузана Јовановиќ
Сузана Јовановиќ и дозволи на пошироката публика да ѕирне во интимниот свет што го споделува со сопругот Саша Поповиќ, синот Даниел и ќерката Александра.
фото инстаграм/Сузана Јовановиќ
Таа откри дека таа и Саша сакаат да престојуваат во Опатија, каде имаат и недвижен имот, но, како што вели старата поговорка – оди секаде, врати се дома.
фото инстаграм/Сузана Јовановиќ
– Ова е мојата оаза на мирот, каде што ги полнам батериите. Среќна сум кога сум сама. Ова е куќа во која живеат луѓе, готват, перат, пеглаат, чистат, доказ дека ова место припаѓа на едно семејство – вели Сузана, која сака да седи на трпезариска маса покриена, со обична покривка со квадрати во жолта, портокалова и црвена боја.
фото инстаграм/Сузана Јовановиќ
Во домот доминира белата боја, од ѕидовите до парчињата мебел и полиците.
Кујната и е една од омилените соби бидејќи е одлична домаќинка. На крајот на краиштата, слушнавме кој прави најдобар ајвар на Бежанијска коса.
фото инстаграм/Сузана Јовановиќ
Пристапот до куќата наликува на холивудска палата. Има стаклени влезни врати и бели столбови, прва асоцијација на луксуз. Меѓутоа, кога ќе влезете во домот на Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ, набрзо ќе ви стане јасно дека удобноста и е приоритет.
фото инстаграм/Сузана Јовановиќ
– Отсекогаш сум го сакала семејниот живот. Не страдав од голема кариера, мегаломански концерти и месеци поминати на турнеи. Мирот, семејството и домот ми се најважните работи на светот – истакнува пејачката во интервјуто.
фото инстаграм/викенд специјал
Иако медиумите често пишуваа за нивниот развод, Сузана и Саша цели 25 години уживаат во брак и важат за еден од најхармоничните парови на естрадата.
фото инстаграм/викенд специјал
фото инстаграм/викенд специјал
Од бракот ја имаат ќерката Александра, но јавноста е запознаена дека Сузана од првиот брак го има синот Даниел кого Саша Поповиќ го прифати и одгледа како свое дете.