Новости

Легендарниот актер болен од рак им напишал проштално писмо на децата: „Можеби нема да бидам тука за неколку месеци“

Advertisement

Сем тажно откри дека веќе планира што да им каже на својот син Тим, ќерката Елена и внуците откако му беше дијагностициран не-Хочкинов лимфом

Ѕвездата на „Паркот Јура“ Сем Нил (76) откри каква порака подготвил за своите деца во случај да му останат само уште неколку месеци живот.

Advertisement

Имено, актерот неодамна објави сериозна дијагноза на рак на крвта, која е утврдена во третата фаза.

Сем тажно откри дека веќе планира што да им каже на својот син Тим, ќерката Елена и внуците откако му беше дијагностициран не-Хочкинов лимфом.

Advertisement

– Не знаев колку долго ќе живеам. Затоа мислев дека веројатно треба да напишам нешто за моите деца и внуци бидејќи можеби нема да бидам тука за неколку месеци. Би било добро да имаат нешто мое, како и некои работи што ги направив – изјави актерот.

Тој исто така откри дека почнал да зема нов експериментален лек за борба против лимфомна болест, откако хемотерапијата не му помогнала.

И покрај ветувачките вести, Нил знае дека нема да трае вечно. Лекарите му рекле дека еден ден лекот ќе престане да работи, за што рекол дека е „подготвен“.

– Во никој случај не се плашам од смртта. Тоа не ме загрижува. За почеток не ме загрижуваше, но ќе ме изнервира. Би се изнервирал бидејќи има работи кои сè уште сакам да ги правам. Умирањето е многу иритирачко. Но, не се плашам од него – додаде тој, пренесува „Јутарњи лист“.

Нил рече дека дознал дека има рак минатата година за време на неговото прво патување во Нов Зеланд, по две години карантин што му оневозможило да се врати дома и да се сретне со семејството.

Неговиот син Тим за „Australian Story“ раскажал дека едвај еден час по враќањето на татко му во Нов Зеланд, лекар му се јавил со страшната вест.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button