Испливаа стари фотографии од Тоше Проески што ги РАСПЛАКАА фановите – беше и остана најголем
„Секогаш кога ќе видам некоја негова фотографија што не сум ја видела досега, ме боли душата“
Македонските пејачки Каролина Гочева и Тамара Тодевска објавија стари фотографии на кои е и Тоше Проески.
Со овие објави тие ги потсетија нивните бројни обожаватели на легендарниот пејач кој трагично загина пред 16 години и на овој начин се потсетија на некои нивни заеднички моменти.
Потсетуваме, Тоше Проески почина на 16 октомври 2007 година во тешка сообраќајна несреќа патувајќи од Скопје кон Загреб.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Македонскиот славеј имаше само 26 години кога се случи несреќата, а бројни негови обожаватели од просторите на цела поранешна Југославија се уште не го прежалиле ги чуваат спомените на него на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм
Неодамна на социјалните мрежи исплива и една стара фотографија на која Тоше е со неговите родители, таткото Никола и мајката Доминика, која исто така ги расплака неговите бројни обожаватели.
Фото: Инстаграм
Тоше додека беше жив за своите мајка и татко велеше дека тие засекогаш ќе бидат најголем авторитет во неговиот живот.
Фото: Инстаграм
По неговата смрт, неговиот татко во една пригода ќе изјави:
„Секоја годна тагата е се посилна. Деновите одат, а нашиот син повеќе го нема Ни остана само спомен“, изјави тој.
Фото: Инстаграм
Под нивната заедничка фотографија на социјалните мрежи се уште можат да се прочитаат коментарите на фановите кои не ја кријат тагата.
„Тешка загуба, а најголема за родителите“, „Секогаш кога ќе видам некоја негова фотографија што не сум ја видела досега, ме боли душата, но од оваа посебно“, „На нив најмногу им недостига“, „Прекрасно дете на своите родители, прекрасен човек и неверојатен талент“, „Прерано не напушти“, „Никогаш нема да го заборавиме“, пишуваат тие.
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Потсетуваме, Тоше важеше за еден од најталентираните вокали на целиот Балкан, а беше и еден од најдобрите студенти нА Музичката академија во Скопје. Тој подоцна продолжи да го усовршува својот вокал во Њујорк, кај Вилијам Реј, професорот што го подучуваше и Павароти.
Неговата прерано заминување беше преголема загуба за родителите, но и за Македонија и целиот регион.
А за тоа дека Тоше не беше голем сако како пејач, туку пред сé и како човек, и дека во негова чест неодамна беше осветен манастирот Свето Преображение, прочитајте повеќе тука…