Фала Tи и слава Господи – Јулија позираше во теретана, А КОМЕНТАРОТ што го остави ги воодушеви сите
За Јулија времето како да стои, а ова е нејзината тајна
Еве како Јулија Мациевска се одржува во форма
Познатата македонска пејачка и телевизиска водителка Јулија Мациевска (63) покажа како ја одржува својата линија.
Јулија важи за силна и самоуверена дама која им е инспирација на многу жени и која привлекува внимание каде и да се појави.
Тоа е така и на социјалните мрежи каде Јулија со секоја своја објава знае како да ги изненади своите бројни фанови.
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Впрочем така беше и сега, кога оваа прекрасна дама покажа како се одржува во форма и изгледа беспрекорно за свои години.
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Облечена во спортска опрема, хеланки и тесна маичка, Јулија се фотографираше додека вежба со тегови.
Таа ги воодушеви сите со оваа своја позитивна фотка, но и со коментарот што го остави во описот на истата.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Еве што напиша Јулија во оваа своја објава:
„Додека вежба, низ глава ми минуваа случки од денешниот ден. Разговарав и имав средби со неколку прекрасни хумани луѓе, луѓе со отворени срца, сочувствителност, емпатија и одговорност.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Колку прекрасно чувство кога знаеш дека сепак има добри луѓе. Тоа се луѓе кои се на посебна фреквенција, тоа се луѓе кои кога ќе направат некоја добрина, не те условуваат и не се воздигнуваат.
Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска
Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска
Со тие ангели на земјата започнавме една хумана акција и сега додека вежбав, ме облеа таква радост, зошто знам дека ќе успееме во нашата цел.
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
А јас, вежбав и вежбав со леснотија, во мислите, итајќи кон целта. Фала Ти и слава Господи“, напиша Јулија под фотографијата.