Милена со детаљ на стомакот со кој мамеше воздишки – водителката во издание што не е за секоја дама
Водителката во издание во какво ретко ја гледаме...
Познатата водителка Милена Антовска-Станковска на прославата на нејзината телевизија беше посебно дотерана.
Таа за оваа пригода избра комбинација во каква ретко ја гледаме кога е пред камерите и ги воодушеви сите.
Имено, шармантната водителка која на телевизија најчесто ја гледаме во сведени и елегантни изданија, за оваа пригода одлучи да заигра на картата на провокативноста и тоа го направи во нејзин стил.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Таа на прославата на 25 години постоење на Канал 5 се појави во поприлично занесно издание со кое ги изненади сите.
Милена за оваа посебна пригода избра минијатурно црно здолниште со тесен крој во комбинација со горен дел кој визуелно остава впечаток како да носи боди во бела боја.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Таа целото издание го зачини со бели сандали со високи потпетици и бел маникир, како и со светкавите хулахопки.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Водителката едноставно блескаше во ова свое издание, а под нејзините фотки на Инстаграм се уште се редат коментари.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Инаку, Милена и само еден ден претходно ги воодушеви сите со уште едно свое издание со кое привлече внимание.
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Но тогаш во главна улога беа нејзините панталони, а како таа изгледаше во нив и зошто сите гледаа во неа, погледнете тука…