Гавазова како вистинска сирена – фолкерката изгледа НЕВЕРОЈАТНО во ова брутално металик издание
Еве како да заблескате оваа есен
Тренд што секоја дама ќе ја претвори во вистинска заводничка
Пејачката Сузана Гавазова изгледаше сензационално додека се снимаше во својот нов блескав сребрен фустан.
Познатата фолк-пејачка никого не остави рамнодушен кога во ова издание се појави и заблеска во сиот свој сјај.
Откако само еден ден претходно го украде шоуто со тесниот црн фустан зачинет со светки и шлиц до „папокот“, познатата пејачка овој пат го истакна своето беспрекорно тело во сребрена креација.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Во прашање е футуристичка креација која е толку убава што секоја дама би ја претворила во вистинска заводничка.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тесниот крој на фустанот го истакна во преден план беспрекорното тело на познатата пејачка која својот модерен изглед го потполни со шик залижана фризура и огромни сребрени обетки.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тренд што МОРА да го пробате оваа есен
Инаку, металик нијансите беа водечки тренд за пролет-лето 2023 година, а на истото место остануваат и оваа сезона.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тоа впрочем може да се забележи и од колекциите на најпознатите дизајнерски имиња, а за овој тренд значително допринесе и пејачката Тејлор Свифт со нејзината последна турнеја.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Познатите дами ширум светот во изминативе месеци често можевме да ги видиме во вакви металик фустани кои одлично стојат на секоја форма на тело, а вашите облини во нив изгледаат совршено.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
И без разлика дали ќе изберете фустан, блуска или здолниште, во комбинација со вистинските високи потпетици ќе заблескате каде и да се појавите. Впрочем тоа можевме да го видиме и од ова сензационално издание на Сузана Гавазова, па доколку и вие сакате да заблеската, изберете ја нијансата што ви стои најубаво.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Наши предлози
Металик фустани за есен 2023