Дојде животот за Цаки Кисми – покажа како ужива во Швајцарија, еве на што си го троши бакшишот
Македонскиот пејач ги воодушеви фановите со снимката што ја сподели на социјалните мрежи.
Сашо Нојкиќ во јавноста познат како Цаки Кисми во моментов е во Швајцарија, каде вечерва има настап во еден од тамошните ресторани.
Долги години е член од групата Кисми и публиката така и го препознава.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Неуморно работи во секоја сезона и постојано е ангажиран.
На неговите настапи секогаш е загарантирана одлична атмосфера.
Не постои некој што може да остане рамнодушен кога Цаки ќе запее.
Активен е и на Фејсбук и Инстаграм каде освен објави поврзани со својата професија, споделува и фотографии од своето семејство.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Неговата сакана Пале му е поддршка во ѐ што прави, па токму затоа и долги години пловат во брачните води.
Најголема радост им е внукот од ќерка, Јаков.
Секој слободен момент пејачот го користи да го помине со своето семејство, а најубаво му е во друштво на Јаков.
Во моментов Цаки е во Швајцарија, па одлучи да го покаже погледот од балконот во апартманот во кој е сместен.
Освен тоа пејачот се пофали и со појадокот.
Само здраво наутро – јајца, домати и сирење за убав почеток на денот.