Убавата синоока Татјана Камерон Тајчи , девојката со моќен глас бше една од најпопуларните пејачки во Југославија.
фото инстаграм/Татјана Камерон Тајчи
Многумина милуваа да ја наречат и хрватската верзија на Мерлин Монро! Тајчи откако се појави на сцената за брзо време успеа да достигне голема слава.
фото инстаграм/Татјана Камерон Тајчи
Откако прв пат настапи во Задар, Тајчи станува незапирлива, а благодарение на хитовите во тоа време таа го носи епитетот тинејџерска икона на поранешната држава.
фото инстаграм/Татјана Камерон Тајчи
Нејзината кариера беше во нагорна линија, таа на 19-годишна возраст, имаше сè што и беше потребно на една тинејџерка но и голема слава која и створи посебен притисок.
После долги години Тајчи за ХРТ реши да открие зошто во моментот кога го доживеа врвот на кариерата реши да замине во Америка.
фото инстаграм/Татјана Камерон Тајчи
Јавноста беше шокирана кога дозна дека Тајчи се пензионирала, се омажила, основала семејство и се посветила на духовната музика.
фото инстаграм/Татјана Камерон Тајчи
Тајчи во интервју за гореспоменатиот медиум признава дека товарот на славата, брендот што создавал зголемен притисок да биде повеќе Тајчи, а помалку таа, емоционалната траума, како и желбата за професионален развој – се сите причини поради кои таа од најголемата слава отишла до целосна анонимност.
фото инстаграм/Татјана Камерон Тајчи
За жал, Таичи остана без сопруг поради болест, но животот и понатаму е исполнет со песна и љубов – покрај себе има три возрасни синови – и се уште верни фанови.
На врвот на нејзината слава, Тајчи се соочи со критики за нејзиниот изглед па им даде совет на младите кои се соочуваат со критики на телото.
фото инстаграм/Татјана Камерон Тајчи
„Притисокот е страшен, имам три сина кои го доживеаја истиот притисок, бидејќи не одговараат на тие одредени машки стандарди. За триесетгодишнината од „Ајде да лудујемо“, го извадив портокаловиот фустан и погледнав „Колку бев слаба“, а тогаш ми велеа „колку си дебела, дај ми нозе, стомак“ . Треба да работиме на тоа и треба да ги направиме луѓето свесни за тоа што е body shaming и како да го сакате вашето тело, секоја брчка, сè онака како што е“, заклучи Тајчи.
фото инстаграм/Татјана Камерон Тајчи