Исплива фотографија од Тоше Проески во манастирот Св. Преображение што ги расплака неговите фанови
Стара фотографија од Тоше што никого не остава рамнодушен
На Фејсбук страницата Тоше Проески неодамна беше објавена една фотографија која никого не остави рамнодушен.
Пејачот кој трагично настрада пред 16 години во сообраќајна несреќа на оваа фотографија е фотографиран во Манастирот Св. Преображение во Крушево кој неодамна беше осветен, а кој Тоше Проески заедно со своите сограѓани крушевчани го градеше додека беше жив.
Тоше на празниот Св. Преображение Господово секогаш се враќаше во манастирот за да се помили, па и да се исплаче.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
На фотографијата се гледа како со рацете се држи за лицето, клекнат на колена, облечен во жолта маичка и тренерки.
Фотографијата никого не остави рамнодушен, впрочем како и сите објави што можат да се најдат на оваа страница на Фејсбук.
Потсетуваме, пејачот почина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа додека патуваше од Белград за Загреб.
Ѕвезденото небо на Тоше Проески
На денешен ден, 5 октомври, пред точно 16 години, Тоше го одржа својот последен концерт.
Нашиот ангел последен пат пред публика пееше на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје.
Неговиот последен концерт навистина беше величествен – одржан во неговата татковина пред неколку десетина илјади луѓе.
Концертот беше хуманитарен – се собираа пари за основните училишта во нашата земја, а на Тоше му беше чест што го прави тоа.
Пееше пред маса луѓе со кои цела вечер разменуваше неверојатна енергија и љубов, а во публиката имаше луѓе од сите краишта.
Додека тој пееше своите најголеми хитови, публиката спонтано со вклучени мобилни телефони го создаде ѕвезденото небо.
Тогаш Тоше, не криејќи го воодушевувањето и емоциите, од сцената им се обрати на луѓето: „Вклучете ги телефоните, направете го повторно ѕвезденото небо! Не можам да ви опишам како тоа изгледа од сцената… Ве молам, сликајте, сакам слика од оваа убавина“.
„Нека никогаш не се гасне ѕвезденото небо! Ова не се опишува“, изјави тогаш Тоше со желба оваа волшебна глетка да се повторува на секој следен концерт. Но судбината сакаше поинаку и таа негова желба за жал никогаш повеќе не се исполни.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Неколку дена подоцна Тоше го изгуби својот живот во сообраќајна несреќа што се случи во близина на Нова Градишка.
Фото: Фејусбук/ Тоше Проески
Фото: Принтскрин/ Јутјуб