Сега да беа живи кралот Ферус и неговиот син Илми ќе се гордееја со него – Ферчо оди по нивните стапки
Полека, но сигурно, Ферчо го надминува успехот на неговиот татко и дедо.
Внукот на Ферус викендот го помина во друштво на едни од најпопуларните музички имиња на Балканот.
Ферчо Мустафов талентот за музика го наследил од својот дедо, Ферус Мустафов и од неговиот татко Илми.
ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов
Изминатиов период беше исклучително тежок за семејството Мустафови.
За многу краток период згасна животот на две големи музички имиња, татко и син.
ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов
Во мај годинава, по кратко боледување, почина кралот на ромската музика Ферус Мустафов.
Како што информираа медиумите, по доживеан мозочен удар, Ферус бил сместен во една од нашите клиники, а каде околу 20 дена бил во кома, а потоа починал.
ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов
Ферус Мустафов зад себе остави богата музичка ризница. Тој ќе остане да живее преку неговите дела, неговите песни вечно ќе се свират.
По само неколку месеци од cмp-ттa на Ферус, почина и неговиот син Илми Мустафов.
ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов
Илми исто така беше успешен кларинетист и саксофонист и со децении беше член на групата „Огнени момчиња“.
Неговиот син Ферчо продолжи да чекори по нивниот пат и веќе е многу популарен на Балканот.
ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов
Викендов Ферчо имаше чест да настапува со популарните српски пејачи Адил и Јана Тодоровиќ.
Ферчо сподели фотографии од нивната дружба на својот Фејсбук профил.