Вести

Познатиот метеоролог со најнова прогноза – Еве каква зима ja очекува Maкедонија!

Advertisement

Земјите од североисточна, како и од источна европа на средината од седмицата ќе бидат зафатени од првото влијание на поларниот вртлог кој ќе донесе значително пониски температури на воздухот, но и снег.

Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, објави метеорологот Славчо Попоски.

Advertisement

„Температурите понекаде ќе се спуштаат и под нулата, но сепак овој бран ќе биде далеку од нашиот регион.

фото Пекселс

Advertisement

Како што најавивме кај нас продолжува така нареченото “Мини лето”. Врнежи кај нас не се очекуваат.

Се на се, во следниот период ќе започне да се чувствува силата на зимата во делови од европскиот континент.

Од друга страна пак, западот од европа ќе биде многу потопол со невообичаено високи температури на воздухот“, вели тој.

Фото Пекселс

Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, во следните десетина денови во Македонија продолжува така нареченото “Мини лето”.

Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Само во четврток и во петок ќе има малку повеќе облачност и тогаш ќе има услови за појава на сосема слаб, локален и краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Фото Пекселс

Наутро ќе биде свежо и минималните температури на воздухот на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата тие ќе се спуштаат и до околу 2-3 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во Скопје и околината продолжува стабилното и суво време со свежи утра, и пријатно топло време преку ден. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 8 и 12 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 27 степени.

Фото Пекселс

Мини летото продолжува и во следните десетина денови, што значи дека нема поголемо заладување на времето, а вие ваквото време можете максимално да го искористете за правење на зимница.

Метеорологот Славчо Попоски вели дека зимата 2023/2024 во Македонија ќе донесе повеќе снег за разлика од изминатите години.

„Дури можно е да имаме и огромно количество на снег, но и постудено време од изминатите години. Освен во Македонија, и целиот Балкан оваа зима би можел да се соочи со големи количества на снег и екстремен студ.

Фото Пекселс

Ние и понатаму ќе ги следеме долгорочните анализи на времето, и навремено ќе информираме за секоја ново – настаната временска состојба“, вели Попоски.

Ова е добра вест за љубителите на снегот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button