Oваа жена му го украде срцето на фолк легендата Нино Величковски – седум години биле во тајна врска!
Седум години ја криеле љубовта, дури и од најблиските.
Македонскиот фолк-пејач денес е среќно вљубен и ужива во секој момент поминат со саканата.
Нино Величковски живее втора младост и тоа се јасно видливо.
ФОТО: Фејсбук / Нино Величковски
Долги години е дел од македонската музичка сцена, но својот приватен живот никогаш не сака да го експонира во јавност.
Се смета за џентлмен и шармер, а кога тој настапува на некоја прослава, забавата е загарантирана.
ФОТО: Фејсбук / Нино Величковски
Неговите манири и џентлменски потези дополнуваат да биде миленик на македонска народна сцена.
Природата на неговата професија е таква што тој постојано е во друштво на убави жени, но клучот на неговото срце го има само една – Лидија Трифуновска.
ФОТО: Фејсбук / Нино Величковски
Нивната приказна е интересна, особено затоа што нивната љубов ја криеле многу долги, дури и од семејствата.
Во едно свое интервју пејачот раскажа дека седум години се гледале тајно. Никој не знаел за нив, ниту семејствата, ниту пријателите. Откако ја обзнаниле љубовта, почнале да живеат заедно.
ФОТО: Фејсбук / Нино Величковски
Инаку од првиот брак познатиот пејач има две ќерки, Анита и Магдалена. Анита е професор по англиски јазик, а Магдалена живее на Малта и работи како графички дизајнер и јога инструктор.
Лидија пак од претходниот брак ги има синот Александар и ќерката Марта.
ФОТО: Фејсбук / Нино Величковски
Тие се навистина големо, но и многу среќно семејство.
Лидија не сака многу да е експонира во јавност и се држи далеку од медиумите, но на Фејбук профилот на пејачот може да се видат неколку нивни заеднички фотографии.
Погледнете: