Македонскиот водител во неа гледа како во божица – фотографија која ќе ви го стопи срцето (фото)
Македонскиот водител сподели фотографија која ја стопи публиката.

Гоце Андреевски долги години работеше како водител на повеќе телевизии во земјава, но веќе некое време водителската кариера му е на пауза и работи како портпарол на Министерството за внатрешни работи.
Приватниот живот не сака многу да го експонира во јавност, но понекогаш знае да сподели семејни фотографии на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
Од 2021 година успешно плови во брак со неговата сакана Даниела, а повеќе од една година се горди родители на малата Јована.
Според фотографиите на Инстаграм, Гоце кој важеше за најпосакуван ерген, денес ужива во семејниот живот и секој слободен момент го корити да го помине со семејството.
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
Четириесетиот роденден го прослави како татко, посреќен од било кога.
Секој момент поминат со малата Јована за неа е скапоцен, а најновата фотографија која ја подели ги воодушеви неговите следбеници.
ФОТО: Инстаграм / Гоце Андреевски
На неа тој позира заедно со малата Јована пред да замине на работа.
Односот меѓу татковците и ќерките е посебен, а Гоце и Јована се доказ за тоа.