Еден на една, друг на друг страна: Еве како Тања Кочовска и сопругот ја прославија годишнината
Популарниот македонски пар ја преспа годишината од брак.
Тања Кочовска сподели фотографии со кои повторно ја засмеа публиката.
Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски се скоро 3 децении се вистински пример за сите останати млади парови како се негува љубовта.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
На нивните социјални мрежи ќе видите фотографии кои освен што ќе ве насмеат, ќе ви ја доловат атмосферата во нивниот дом, каде секогаш е динамично весело.
Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски Љац, Тања го има синот Александар, а плод на љубовта меѓу неа и Предраг е ќерката Нела.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Иако сѐ започнало на шега, еве и ден денес парот живее сложно и ја одржува својата љубов.
Тања вели дека не дозволува никој да ги наруши нивните семејни односи. Тие дома функционираат како најдобри пријатели и се знаат едни за други. Сите проблеми во нивното семејство се решаваат со долги разговори.
Секоја година за нивната годишнина Тања споделува фотографии кои прикажуваат како прославува еден класичен брачен пар.
Минатата година тие е фотографираа додека си мерат крвен притисок еден на друг, а годинава Тања објави две фотографии на која и таа и Предраг спијат.
Сепак, после долгата дремка целото семејство се собра во еден скопски ресторан за да ја прослави љубовта.
Главен на маса секако беше најмладиот член на семејството, Јоаким, синот на Александар.