Реклама
Вирално

КСЕНИЈА СЕ ОМАЖИ ЗА 36-ГОДИНИ ПОСТАР БИЗНИСМЕН И МУ ПОДАРИ ЌЕРКА: Кога слушнала што коментираат луѓето се шокирала

Изгледаат среќно вљубени...

Реклама

32- годишната убавица од Молдавија Ксенија Дели се прослави со учеството во спотот на Џастин Бибер „What do u mean“.

фото инстаграм/Ксенија Дели

Таа е успешен модел а јавноста беше изненадена кога се омажи за египетскиот бизнисмен Осама Фати Рабаг Ал Шариф, кој е 36 години постар од неа.

Маркетинг

фото инстаграм/Ксенија Дели

Двајцата често се мета на негативни критики, кои ги добиваат поради големата разлика во годините, а дополнително се додава и фактот дека тој е милијардер.

Маркетинг

фото инстаграм/Ксенија Дели

Инаку, Ксенија има 32 години, додека милијардерот 68. Сепак, големата разлика во години не ги спречи да имаат семејство, а Ксенија му подари мало девојче.

фото инстаграм/Ксенија Дели

Иако се во брак неколку години, сепак Ксенија од своите следбеници се уште добива коментари дека е со него само за пари.

фото инстаграм/Ксенија Дели

Таа често споделува фотографии со сопругот на својот Инстаграм профил, каде што може да се забележи колку се среќни и заљубени.

фото инстаграм/Ксенија Дели

Многумина коментираат дека Осама покрај неа личи како да и е дедо, а таа глуми заљубена жена, за да ужива во неговото богатство.

Кога се омажила за него Ксенија не ни помислувала дека ќе привлече толку големо внимание и дека ќе предизвика гнев кај народот за на крајот да добие толку многу негативни коментари.

фото инстаграм/Ксенија Дели

Ксенија во една прилика на својот Инстаграм профил напиша дека нејзината ќерка и сопруг се исполнување на нејзините соништа, што предизвика лавина негативни коментари, од кои едниот многу остар и директен:

„Едноставно, нема љубов, само пари и популарност и вие тоа го знаете“.

фото инстаграм/Ксенија Дели

Нема сомнеж дека Ксенија ужива во луксуз бидејќи често оди на луксузни патувања со својот сопруг.

Таа е сопственичка на скапи чанти и ткаенини, а стана вистинска ѕвезда на Инстаграм.

Нејзиниот Инстаграм профил има над 700 илјади следбеници. Исто така, поединци коментираат дека богатиот бизнисмен се подмладил со сопругата, а и врската со неа му годи и го прави помлад.

фото инстаграм/Ксенија Дели

Инаку, парот се венчаше во 2016 година, а бајковитата свадбена прослава вредна милион евра се одржа на Санторини во винарија со поглед на море.

фото инстаграм/Ксенија Дели

На церемонијата присуствуваа околу 150 гости, а тортата беше висока над еден метар.

фото инстаграм/Ксенија Дели

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button