Реклама
Шминка

Еве зошто најубавите жени го обожаваат овој маж од Македонија – сите се „тепаат“ да поминат време со него

Октај Сејди е моментално на врвот на најпосакуваните стилисти во државата

Реклама

Кога доаѓаат славни ѕвезди да настапуваат како Теа Теировиќ, Ивана Николиќ и многу други од балканската естрада,  задолжително бараат термин кај еден човек, а неговото име е  Октај Сејди.

 

Маркетинг

Голем број и од нашите ѕвезди се дотеруваат во неговиот салон.

Маркетинг

Тој е моментално на врвот на најпосакуваните стилисти во државата. Со неговата уметничка моќ и вештите раце Октај секоја жена може да ја направи да биде како излезена од  насловна страница. Тој одлично работи и со шминка, но е брилијантен и со фризурите.

 

Интересно е тоа што ги стилизира на модерен начин со препознатливи техники, но има некоја магија која што го одвојува од пазарот и го прави посебен и уникатен.

Неодамна  во центарот на Скопје со нова локација се отвори долгоочекуваниот фризерски салон на познатиот стилист Октај Сејди, кој судејќи по ентериерот и самиот простор е засега најголем во неговата кариера.

Свеченото отворање беше во друштво со препознатливи  убави лица за јавноста.

Станува збор за ново ултра модерно место за разубавување во срцето на градот. Додека траеше приемот на гости, новиот салон беше чуван во строга тајност се до моментот кога не се отворија ширум вратите и не се запалат сите светла за присутните, вели Октај.

 

Присутните имаа можност да уживаат во мини шоу каде честа за модел на вечерта, Сејди ѝ ја предаде на прекрасната Ангелина Китановска. Со креирање на моментално најактуелната фризура.

Мојот пат кон успехот започна, од овие девет метри квадрати ,  тука добија реалност моите идеи. Тука започна секоја моја идеа да се реализира, почнаа моите први чекори. Јас сум многу горд и сакам да ви се заблагодарам на сите вас кои верувавте во мене како млад човек. Моите идеи овде не завршуваат. Сакам да ги охрабрам сите млади да не се откажуваат, вели стилистот.

Отворањето на новиот салон, или втората скала во кариерата на Октај, беше збогатено со извонредна музичката програма со виолинистот Глигорије Глигоров, потоа со прекрасните хитови отпеани од Лара Иванова и извонредниот диџеј Галоски кој забавата ја донесе до едно поинакво ниво.

Новиот салон на Октај Сејди се наоѓа на ул. Метрополит Теодосиј Гологанов бр.96.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button