Шеикот пристигна, Ирена се соблече во бикини – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ПЕЈАЧКАТА ужива во Дубаи
Познатата пејачка ги менува дестинациите како чорапи
Многумина велат дека познатата пејачка блеска во последно време, но и дека знае да ужива за сите пари.
Таа најпрво со една објава од аеродромот ги заинтригира оние што го следат нејзиниот Инстаграм, за да набргу потоа открие на која дестинација решила овој пат да си ги наполни батериите.
Познатата фолк -пејачка Ирена Спасовска пред неколку дена замина на одмор во Дубаи од каде редовно се огласува на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Пејачката овој пат покажа како се шлапка во водата и ужива во ноќно капење, облечена во црн костим за капење.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Ирена покажа со што располага, но и дека нема проблем да се фотографира во едно вакво издание и со своите „пикантни“ фотографии да им парира на помладите колешки на Инстаграм.
„Ех, Иренче како газела си“, „Топ жена што знае што сака“, и порачаа некои од нејзините фанови на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Ова не е град, ова е реален сон
Потсетуваме, пејачката Ирена Спасовска пред неколку дена одлета Дубаи, но се уште нема откриено со кого е.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Таа објави и едно видео на кое во шега напиша, „Пристигна и шеикот“, со кое исто така ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Пејачката покажа и како изгледа додека се шета низ градот, облечена во црно од глава до пети и опкружена со сиот тој луксуз.
„Ова не е град, ова е реален сон“, напиша Ирена под една од своите фотки што ги сподели на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Повеќе детали од ова нејзино патување во градот каде сонот станува реалност погледнете во продолжение…