Прослава во домот на Лила, водителката се огласи – ѝ пристигнуваат честитки, блеска од среќа (фото)
Ова е посебен ден во нејзиниот дом
Познатата водителка Лила Филиповска има убава причина за прослава што овој ден го прави посебен за неа.
Убавата водителка на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм ја сподели радосната вест и објави емотивна честитка посветена на една посебна личност во нејзиниот живот.
Имено, Лила се огласи затоа што на нејзиниот син Филип му е роденден, па со својата објава ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката објави неколку фотографии на кои е со Филип од неговото најрано детство, а во описот кратко напиша:
„И целиот свет да е против мене… најважно е што те имам ТЕБЕ Еден живот една љубов…син, другар, поддршка, мој панцир години наназад !!!
Ете затоа сум толку силна Најсреќен роденден Филипе мој да си здрав, жив и најсреќен…и уште долго да ме чуваш, браниш, пазиш и мазиш… те сака Лики“, напиша познатата водителка во својата објава.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката со фотографиите што ги објави покажа колку е голема и посебна поврзаноста и љубовта помеѓу една мајка и синот.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Пораката предизвика лавина од коментари и честитки од страна на фановите на Лила на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Меѓу првите и честитаа нејзините колешки Ведрана Ѓорѓевиќ и Хелена Роза, како и пејачката Каролина Гочева.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Нека е среќен и да те прави горда и секогаш среќна. Среќен роденден“, „Среќни да сте и двајцата“,
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Исклучително паметни и совршено воспитано дете, најсреќен роденден Филип, само радост и убавина да те следи“, беа само некои од честитките што омилената македонска водителка ги доби под објавата.