Гавазова се шета низ дворот во издание во какво ретко ја гледаме – комшиките ја гледаат и не трепкаат
Пејачката изгледа како милион долари во тесното фустанче што го избра за оваа пригода
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова објави ново видео, а посебно внимание привлече со нејзиниот стајлинг.
Познатата македонска пејачка последните денови од летото ги помина заедно со семејството во нивната куќа во Дојран.
Таа уживаше во убавото време и често објавуваше снимки во изминатиот период, а овој пати ги воодушеви сите со тоа како изгледаше.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, Гавазова се снимаше во дворот од својата нова вила облечена во тесен фустан кој и стоеше како да беше само за неа скроен.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Во прашање е креација со тесен крој и романтичен цветен дезен, со голи раменици и кој го истакна нејзиното бујно деколте.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фустанот е со средна должина, а Гавазова целото издание го зачини со преубава фризура и дискретна шминка.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како пејачката изгледаше во ова свое издание кое е совршен избор за преодниот период, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Сузана Гавазова за празникот 8. Септември беше гостинка на прославата за Денот на независноста во Пеленица.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но бидејќи овој настан беше организиран од страна на СДСМ, односно од Општинската организација на СДСМ од Кисела Вода, многумина ја критикуваа. По ова, таа реши да не молчи, па јавно, преку социјалните мрежи се огласи и им порача на оние што и се закануваат, дека не им се плаши и дека пее за народот, а не за политиките партии.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Ниту сум ја предала Македонија ниту сум ја украла, тој што ја предал нека му ја мисли, а тој што ја украл, рацете да му се исушат“, напиша тогаш Гавазова на Фејсбук, а повеќе за ова прочитајте тука.