Реклама
Вести

Не го пропуштајте овој оглас за работа – Државна институција бара работници, платата е 85 илјади денари – Ова се условите

Реклама

Агенција за цивилно воздухопловство објави оглас за пополнување на две работни позиции, платата за првата работна позиција е околу 60 илјади денари, додека платата за втората позиција е околу 85 илјади денари.

Согласно информациите наведени во огласот, првата работна позиција e Советник за меѓународни работи во Одделение за меѓународни работи, каде освен високо образование потребно е тригодишно работно искуство во областа. Втората работна позиција е Инспектор за технички средства, уреди и опрема за давање на услуги за воздухопловна навигација, каде е потребно високо образование и три години работно искуство во струката.

За двете работни позиции предвидено е работно време од осум часа и плата од 60 и 80 илјади денари.

Маркетинг

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 351/2023

Маркетинг

за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Агенција за цивилно воздухопловство за следните работни места

1. АЦВ0101В01083 Советник/Инспектор за технички средства, уреди и опрема за давање на услуги за воздухопловна навигација, Одделение за воздухопловна навигација, Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација (1) извршител(и)
Општи услови

Фото Илустрација

– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место,
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Инженерство и технологија – Електрично инженерство, Електронско инженерство, Информатичко инженерство или Друго инженерство и технологии

– најмалку 3 (три) години работно искуство во струката како услов за вработување, додека услов по вработување со цел стекнување на инспекторско овластување најмалку пет години работно искуство на соодветни задачи од областа на воздухопловството

Општи работни компетенции

– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување

фото илустрација

Посебни работни компетенции

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на англиски јазик

Дополнителни услови

– активна или истечена дозвола на персонал за поставување, одржување, контрола и мониторирање на техничките средства, уредите и опремата за давање на услуги на воздухопловна навигација (ATSEP персонал)

Распоред на работно време

– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 07:30 до 15:30
– Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 85.680,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 год. се : Македонец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 355/2023

за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Агенција за електронски комуникации за следните работни места

1. АЕК0101В04006 Помлад соработник за прибирање и обработка на податоци, Одделение за прибирање и обработка на податоци, Сектор за регулатива (1) извршител(и)
Општи услови

– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место,
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

– ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки
– со или без работно искуство во струката

Општи работни компетенции

– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување

Посебни работни компетенции

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време

– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 07:30 до 15:30
– Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 55.981,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 год. се : Албанец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button