Се славеше во домот на шеф Никола: Неговата сопруга ја откри причината – честитки од сите страни
Во домот на популарниот македонски готвач имаше убава причина за славење.
Сопругата на шеф Никола ја откри причината и веднаш почнаа да пристигнуваат честитки.
Никола Мишковски или кај публиката познат како шеф Никола е долги години дел од најпопуларното и единствено кулинарско шоу во земјава „Брза кујна“.
ФОТО: Инстаграм / Никола Мишковски
Многу смеа, готвење и нови рецепти се работите во кои ужива публиката гледајќи ја емисијата.
Според шеф Никола за да се стане врвен готвач мора да се поминат многу скали. Се почнува од помошник во кујна, па се до шеф на кујната.
ФОТО: Инстаграм / Никола Мишковски
Освен што го гледаме на малите екрани, тој е активен и на социјалните мрежи, каде може да се видат и фотографии од неговото семејство.
Во брак е со Стефанија, со која има две ќерки, Дариа и Калија.
ФОТО: Инстаграм / Никола Мишковски
Од претходниот брак го има и синот Дарин.
Во нивниот дом сега имаше прекрасна причина за славење.
ФОТО: Инстаграм / Никола Мишковски
По повод роденденот на малата Дариа, сопругата на Никола сподели видео од најубавите моменти на девојчето.
„Среќен 4-ти роденден Дариа“, стои во опис на видеото.