Реклама
LIFESTYLEВирално

За пет дена го славиме Крстовден: Само едно правило треба да го испочитувате на овој голем празник!

Реклама

Православните верници на 27 септември го слават празникот Крстовден.

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога.

Маркетинг

Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од Персија во Ерусалим. Овој празник се нарекува и Возвишение на Светиот крст.

Маркетинг

Се слави двапати во текот на годината, 18 јануари и 27 септември. Претходно, луѓето строго се придржуваа на постот на овој ден. Во некои села се одржуваат и панаѓури.

Стар обичај на нашите простори е на овој ден добитокот да се премачкува со катран во знакот на крстот за да се заштитат од болести. Народот верува дека змиите мируваат на Крстовден и дека веќе не се низ полињата.

На овој ден, луѓето во црквата осветувале босилек, грозје, жито и јаболка. Овој осветен босилек се чувал со икона, а подоцна служел за разни заздравувања.

Се верува дека какво е времето во текот на Крстовден таква ќе биде и годината, односно:

– Ако е облачно на Крстовден, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде суво.

– Ако до Крстовден ластовичките не заминат на југ, нема да бидемногу студена зимата.

– Тивкиот дожд на Крстовден предвидува блага зима.

– Грмотевица на Крстовден навестува плодна година.

– Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако денот е ведар, тогаш зимата ќе биде сува и студена.

Вообичаено е на Крстовден да се собере и освети босилек. Некои семејства го слават овој празник како куќна слава.

На Крстовден се почитува и строг пост – на леб и вода.

А еве и какви се обичаите што нашиот народ со векови ги почитува:

-на Крстовден некои држат строг пост, на вода. Тоа е обичај кој повеќето го почитуваат, според правилото: “Кој со крст се крсти, тој крстовден го пости”.

Есенскиот Крстовден некои го постат така што по цел ден јадат само грозје и леб.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на своите слаби плеќи ја носат сенката на Светиот крст и дека затоа пред Бога се посебно одговорни за своите постапки.

Според некои стари обичаи, на Крстовден треба да се исперат сите алишта и да се исчисти куќата.

Исто така, стар обичај е на овој ден стоката да се премачка со катран во знак на крст, за да се заштити од болести.

Обичај е на Крстовден да се освети босилекот, света билка за која се верува дека ја уништува негативната енергија и ја чисти душата, па во домовите многумина си чуваат босилек. Осветениот босилек се чува во домот како еден вид енергетско исцелување.

Во текот на Крстовден се јаде грозје, како симбол на слатката победа, плодноста и бериќетот, а се верува дека ќе ве следи среќа и успех ако на овој ден уживате во вкусот на ова овошје.

Според народните верувања, на овој ден сите молитви ќе бидат слушнати, а ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ги исполнува желбите на луѓето.

Македонскиот народ го празнува Крстовден како тежок празник. Тогаш не се работи и се пости „за крст“. Во Радовиш во црквата попот раздавал китки кои се чувале за здравје и за лек од уроци.

Во Гевгелиско спроти овој ден свештеникот одел по куќите и светел вода, а жените земале од котлето вода за замесување на квасец. Свештеникот читал молитви за богат род и ги пеел семињата за новата сеидба, а тоа го правел и на самиот ден на Крстовден.

Во записите на Христо Шалдев за Гуменџе се вели дека тука гроздоберот секогаш станувал околу Крстовден. Во Дебарца Крстовден се смета за тежок празник и се држи како тежок пост. На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло.

Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје и др. Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината.

Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На овој тежок празник почитува и строг пост – а според обичаите не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ротквици, црвени јаболка и друго.

На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се верува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во месноста крстови Гора, каде легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.

Затоа, замислете си желба и чекајте да ви се оствари!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button