Реклама
Наши ѕвезди

Пред да излезам бев истепана од мојот син и покрај лековите постојано ме скубе за коса, Ребека ја расплака публиката во кино-салата

Немојте да заборавите дека меѓу вас живеат многу аутистични деца и тие имаат тантруми. Многу малку родители го прзинаваат тоа, вели пејачката

Реклама

Пејачката Ребека Јанковска -Ристески вечерва одново си ја отвори душата пред јавноста и храбро ја раскажа својата тешка животна приказна.

Таа беше дел од публиката на премиорното прикажување на  документарниот филм „ Мудроста на траумата “ со д-р Габор Мате, во органзација на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.

Маркетинг

На огромна радост на  скопјани овде беше и Јелена Ѓоковиќ, основач и директор на фондацијата. Таа беше еден од панелистите и присутните имаа непосреден контакт со неа.

Маркетинг

 

По прикажувањето на проекцијата се одржа панел дискусија од отворен каректер на која публиката имаше можност да се вклучи со прашања, ставови и полемики.

Преполната сала со голем одзив реагираше на темата за трауми и голем дел од луѓето раскажуваа за лични искуства, но и даваа предлози за соработка помеѓу земјите од регионот , отворање на ова прашање од суштинска важност за поздраво население.

Најмногу емоции предизвика искреното излагање на нашата пејачка Ребека , која храбро застана и повторно проговори за нејзината судбина, за нејзиното мачно секојдневие кое го минува со синот Маркијан (17) кој е дете со пореченост.

За нејзината ситуација запозната е пошироката јавност, но Ребека вели дека таа нема да престане да зборува затоа што е важно да се зборува гласно и  да не се игнорираат овие работи.  Таа вели дека нејзиното семјество живее секој ден со трауми.

– Јас сум родител за поддршка и претсатвник на три здруженија во Македонија и се бориме многу. Порано бев пејач, естарден уметник…(со солзи во очите собираше храброст да ја сподели својата болка), а публиката ја подржа со грамогласен аплауз и стоечки овации.

Најважно од се е да имаме систем и да се поврзаме со Србија. Целиот Балкан е во гоелма емотивна криза, ни треба сочувство, емпатија, ни тербаат многу нешта за да бидеме подобри луѓе , додаде таа.

-Моите деца се секој ден под трауми и јас исто.  Пред да излезам бев истепана од мојот син, и покрај лековите постојано ме скубе за коса. Мојата борба е тоа што ми дава надеж. Откако јас го имам Маркијан јас сфатив што треба да правам во животот.И дека не смеам да молчам и дека се борам на секој чекар со моите две блзиначиња.

Немојте да заборавите дека меѓу вас живеат многу аутистични деца и тие имаат тантруми. Многу малку родители го прзинаваат тоа. Децата со аутизам имаат тантруми! Склони се кон самоагресија и агресија кон другите луѓе. Едноставно, тоа е раалноста. Еден ден ќе се разбудиме и ќе сфатиме дека ништо не сме направиле за нив ,а сме ја имале таа шанса, рече Ребека.

 

Покрај нивното страдање, страдаат цели семјства, јас сум во постојан контакт со таквите семјества. Јас ова го работам  без никаков надомест, едноставно со љубов, потенцираше таа

.И ако секој од нас пристапи со љубов и во својата микросредина му помогне на секое детенце и на тие што живеат со овие лица. Макар да ги земе во комшии за да ги трегне малку од дома, ќе направите големо дело. Ни треба системска поврзаност и очекувам дека оваа фондација ќе направи нешто за овие фамилии, рече Ребека.

Меѓу присутните панелисти беше и Игор Јуриќ, таткото на киднапираната и убиена Тијана во 2014 година, трагедијата во Србија што не се заборави и ги отвори очите за кдинапирањето и злоставувањето на деца како сериозен проблем за кој треба да се преземе нешто. По долги напори на  Јуриќ во Србија се донесе Тијанин закон , кој подразбира доживотната казна затвор во нацрт-законот, без условно ослободување за случаи кога станува збор за убиство на деца и бремени жени.

Кино -салата беше преполна.

Документарниот филм „Мудроста на траумата“ се прикажува во Синеплекс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button