Нашинците од Германија одвај чекаат да ја видат – ФОЛКЕРКАТА најави спектакл, ќе биде весело
Сузана Гавазова најави луда и незаборавна забава
Пејачката најави свој настап во Германија
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова наскоро планира да ги спакува куферите и да замие на патување во Германија.
Имено таа таму ќе настапи на прославата на 30 години постоење на македонскиот клуб Македонска зора во Германија, а веста за гостувањето посебно ги израдува нашинците што живеат во оваа европска земја.
За нејзиниот настап уште сега владее голем интерес, а пеачката ветува добар провод и одлична забава.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инаку, Сузана Гавазова често настапува пред нашинците во дијаспората, и за секој ваков настан секогаш се бара карта повеќе.
Но заради нејзиниот настап за празникот 8.Септември на прослава организирана од општинска организација на СДСМ таа беше критикувана од поединци на социјалните мрежи, посебно од оние што живеат во Австралија.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но пејачката не им остана должна на оние што ја критикуваа, посебно на оние што и се закануваа дека не е посакувана во нивната земја.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа се огласи и преку социјалните мрежи и на оние што ѝ се закануваа им порача дека не им се плаши затоа што народот ја сака.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Не можете да ме уништите кои и да сте, не се плашам од вас, мене народот ме сака затоа што сум направила добрини, правам и ќе правам“ напиша тогаш Гавазова на Фејсбук.
Повеќе за ова прочитајте тука >>