Македонскиот пејач најсреќен: Соопшти прекрасна вест – пристигна принова во семејството
Огнен соопшти прекрасна вест на социјалните мрежи, ова е најсреќен и најубав ден за него.
Внукот на виолинистот Зоран Џорлев, Огнен Здравовски со сериозни чекори се движи кон балканска кариера.
ФОТО: Фејсбук / Огнен Здравковски
Со неговото учество во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ стекна огромна популарност низ целиот Балкан.
Со својот глас и фантастична изведба веднаш ја освои публиката.
ФОТО: Фејсбук / Огнен Здравковски
Уште од мал Огнен бил сигурен дека ќе се занимава со музика, а денес успешно чекори кон нови победи.
Музички е поткован и диполмираше на музичката академија во Скопје.
ФОТО: Фејсбук / Огнен Здравковски
Активен е и на социјалните мрежи, каде често знае да сподели фотографии и од своето семејство.
Овој пат ги израдува своите фанови со прекрасна вест.
ФОТО: Фејсбук / Огнен Здравковски
Неговата сестра Оле, која исто така се занимава со музика, односно свири виолина стана мајка и на свет го донесе своето прво дете.
Се роди малиот Алекса, а вујкото пресреќен се пофали на социјалните мрежи:
„Денес ми е еден од најубавите и најсреќните денови во мојот живот.
Добив внук, станав вујко!
ДОБРЕ НИ ДОЈДЕ АЛЕКСА, душа на вујче!“