Вести

Oва е новата цена на лебот во маркетите!

Производите ќе ја имаат ознаката „гарантирана цена“.

Advertisement

Oд денеска до 30 ноември издвоени прехранбени производи во маркетите ќе се продаваат за најмалку 10 отсто пониски цени отколку што се продавале на 1 август.

Производите ќе ја имаат ознаката „гарантирана цена“.

Advertisement

Владата на вчерашната седница ја донесе одлуката за поевтинување на прехранбените производи за 10 отсто и замрзнување на намалените цени.

Според најавите на министерот за економија, Крешник Бектеши листата со производи ќе се прошири следната недела.

Advertisement

Неколку видови леб, бисквити, наполитанки, јогурт, јајца, млеко, тестенини, овошје, зеленчук, сирење, дел од месните производи, од денеска во маркетите треба да се продаваат по цени за околу 10 отсто пониски од оние кои биле на први август.

Овие производи задолжително треба да бидат означени со посебна ознака на која пишува„Гарантирана цена“.

Министерот за економија Крешник Бектеши е оптимист дека и други производители и увозници кои не се дел од мерката, самоиницијативно ќе ги намалат цените.

Од овие производи во маркетите треба да има околу 70 отсто од количните кои биле во месец август. Бектеши очекува дека производителите и трговците ќе бидат координирани, затоа што оној кој нема да ги почитува мерките ќе биде затворен.

supermarket2

Акциите на приоизводите треба да бидат со пониски цени од замрзнатите, а ако на овој начин се продаваат оние чиј рок наскоро истекува ,тогаш тоа треба да биде јасно наведено.

Бектеши очекува ваквите мерки до крајот на годинава да влијаат инфлацијата во земјава да падне на проектираните 4 до 5 отсто.

Изминативе месеци цените нагло пораснаа. За синдикатите, тие се задоцнати и сметаат дека требало да се воведат веднаш кога завршиле претходните мерки.

„СДСМ го штити стандардот на граѓаните. Со новите мерки и одлуки на Владата се намалуваат цените на над 500 прехранбени производи во 25 категории, кои граѓаните до 30 ноември ќе ги купуваат по намалени, замрзнати цени. Се намалуваат цените на лебот, оризот, месото, млекото, јогуртот, сирењето, кашкавалот, брашното, јајцата, овошјето, зеленчукот…“, велат од СДСМ.

„Основните прехранбени производи ќе се продаваат за 10 проценти пониска цена во однос на цената по која што се продавале на 1 август.

Фото Пекселс

Кај дел од производите кај кои од август до сега е забележано енормно покачување на цените може да има поевтинување и за 30 проценти“, се додава во соопштението на СДСМ.

Цената на белиот и полу бел леб од 500 грама, сечен и на парчиња од денеска е намалена од три до четири денари. Дел од трговските синџири за исто толку пари ги намалија цените и на пекарските производи, кои ги печат и продаваат.

Во средата наутро цената на бурекот во приватните пекари не беше намалена, а нови цени немаат ниту другите најчесто продавани производи.

Според обиколката која ја направи „Слободен печат“, сите производители и дистрибутери во текот на ноќта ги испратиле новите ценовници, но во добар дел од маркетите цените на рафтовите „не беа гарантирани“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button