Пејачката Соња Тарчуловска објави преубава вест – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Ова е посебен ден за пејачката
Пејачката Соња Тарчуловска го прослави својот 45. роденден
Познатата фолк-пејачка Соња Тарчуловска го прослави својот 45.роденден и тоа на еден мошне интересен начин.
Имено таа е на патување со мотор со својот сопруг, Јохан Тарчуловски, што може да се види и од нивните објави на социјалните мрежи.
Но таа сега објави една фотографија на која што носи маичка со бројот 45, а под неа го остави следниот коментар:
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
„Жените немаат возраст. Тие се или млади или стари. 45, нека се множат“, напиша Соња, а посебно ги изненади сите со фотографијата што ја објави на Фејсбук, а на која седи на еден голем и необичен мотор со три тркала и ги воодушеви своите фанови.
Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Инаку, Соња и Јохан и на почетокот од летото имаа голема причина за славење кога нивната ќерка Мелани стана матурантка.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Тогаш гордите родители се пофалија со оваа вест и објавија неколку семејни фотографии со нивната убава наследничка.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Мама тогаш објави и снимка од прославата, а како изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение: