Реклама
Новости

Плаче додека пее за својата почината мајка – Рада Манојловиќ не можеше да ги сокрие солзите

Нејзината мајка починала многу млада

Реклама

Голема тага која никогаш не поминува

Познатата пејачка Рада Манојловиќ рано остана без својата мајка, па повеќепати досега има отворено зборувано за оваа нејзина загуба која оставила длабока трага во животот.

Таа како гостинка во една емисија отворено зборуваше за нејзината прерана смрт и тешкиот период низ кој што поминала.

Маркетинг

Најемотивниот момент беше кога пејачката пеејќи ги своите хитови, ја запеа песната „Рашири ги рацете, мајко стара“.

Маркетинг

Најтешкиот период во мојот живот беше кога останав без мајка ми. Таа почина на моите раце. Таа болка ја потиснав длабоко во себе за да можам да продолжам да живеам и функционирам. Се трудам да не размислувам за оваа загуба, но секој ден ќе се сетам на мојата Мирјана“, изјави таа во една пригода за медиумите.

@nenadskundric_84

♬ original sound – Nenad Škundrić

„Јас имав 19, а сестра ми 17 години. Имавме најдобра другарка во село, па и братучетка, таму сите што сме Манојловиќ сме роднини, таа е мое годиште, ’85-то. Нејзината мајка почина кога таа имаше само две години и јас цел живот се прашував како и е и цел живот му се молеше на Господ, бидејќи ни седевме во клупа заедно.“

„Ми беше најдобра другарка и некако гледајќи ја неа секогаш ми беше тешко заради неа и само размислував тоа на мене да не ми се случи, само мојата мајка да…“, зборуваше пејачката во една пригода.

Фото: Инстаграм

„Потоа почнав да размислувам дали е можно она од што се плашиш Господ тоа и да ти го намени. Неверојатно, јас толку се плашев, таа на сите ни беше слаба точка во селото и во мене беше страв само тоа да не се случи, само тоа да не се случи. И кога мајка ми се разболе, боледуваше година и пол дена, јас воопшто не го доживува тоа сериозно. Не можам никогаш да ги заборавам нејзините зборови, таа беше иста како јас, кога од нешто се плашам, сакам некој да ми даде некоја потврда, кога прашува ‘Што мислиш, ќе биде ли се во ред?’, Некој да ми каже: ‘Ќе биде“, и јас да се смирам. Се сеќавам нашата мајка постојано, таа чувствуваше и го имаше тој страв, често ја прашуваше сестра ми и мене: ‘Што мислите, ќе оздрави ли вашата мајка?’. А ние и велевме, ‘Секако мамо’“, ја соголи својата душа познатата пејачката во една пригода.

Потсетуваме, Манојловиќ без својата мајка остана кога имаше само 19 години, а како Мирјана изгледаше јавноста дозна кога пејачката во една пригода објави стара семејна фотографија.

Фото: Инстаграм

„Таа заслужува да знаете како изгледаа и колку била убава“, напиша тогаш пејачката под објавата.

Нејзината мајка почина во 2004 година од карцином на матката , а пејачката била со неа до последниот момент.

Фото: Инстаграм

„Не можев ни да ја прежалам смртта на мајка ми, а веќе морав да настапувам по десет дена. Морав да заработам пари за нашите обичаи…“

„Никој не ме праша дали ми се работи, туку сите ми велат: Оди пеј’. И јас пеам, а телото ми се тресе, душата ми се распаѓа“, изјави своевремено Рада.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button