И на банкарот нема да му биде лесно кога ќе ја види – БРУТАЛНО ИЗДАНИЕ на Лила во новата сезона
Водителката го истакна своите атрибути на снимањето на новите емисии од своето популарно шоу
Познатата водителка блеска како и секогаш
Една од омилените водителки на македонските гледачи, Лила Филиповска, го започна снимањето на своите нови емисии.
Впрочем тоа можевме да го видиме и на нејзиниот Инстаграм каде покажа и како ќе изгледа во новата сезона на „Сé или нешто“.
Водителката на најпопуларниот квиз во Македонија објави неколку снимки, а сите се согласни дека изгледа прекрасно.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Облечена во тесен бел фустан со отворен грб и без прерамки Лила го истакна своето раскошно деколте и ги остави сите без здив.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Повеќе од очигледно е дека убавата телевизиска водителка за снимањето на новите емисии посебно ќе се потруди, што го покажа и со следните фотографии.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа објави уште едно свое издание, но овој пат избра црна креација, која повторно беше припиена за телото и со која ги истакна атрибутите.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Многумина се нестрпливи да ја видат во ова ново „руво“ на малите екрани, а за тоа зборува и пораката што Лила ја сподели.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, таа на својот Инстаграм сподели приказна во која еден нејзин фан вели дека ја сонувал ноќеска, со златниот телефон од емисијата.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Лила драга, сум те сoнувал ноќеска. Ме маваше по глава со тој златниот телефон у студио дека сум ти ги фрлил штиклите за снимање. Али последниот пат толку јако ми го удри телефонот од глава, што се штрекнав и станав“.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Те обожавам како личност, ама вакви стресови, поготово у сон немој да ми правиш“, пишува во коментарот што Лила ги сподели на својот Инстаграм и ги насмеа своите бројни обожаватели.