Реклама
Вести

БЛАЗЕ СИ ИМ – Овие граѓани ќе добијат плус 37 600 денари на своите сметки!

Реклама

„КАМ“ е прогласен за најпосакуван работодавач во категоријата маркети на првите награди за најдобри работодавачи во организација на веб-страницата за пребарување работни места Vrabotuvanje.com.

Наградите беа доделени врз основа на три критериуми – број на посети на огласите и објавите на „Вработување“, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно истражување спроведено од организаторот.

Маркетинг

– Сите признанија ни се драги, но особено сме благодарни за оваа награда, бидејќи се однесува на сегмент што нам како компанија ни е особено битен, а тоа се вработените и нивното задоволство.

Воедно, ова е и поттик да продолжиме со унапредување на условите и грижата за вработените. „КАМ“ е едно големо семејство и секој член во него е важен, и тие што се долги години со нас, и оние што допрва ќе ни се придружат – велат од „КАМ“.

Маркетинг

КАМ ДОО е основан во Скопје во 1999 година, како трговско претпријатие кое започна со само еден маркет во Градскиот трговски центар. Називот КАМ е скратеница од презимето на основачот Гоце Камчев.

КАМ Маркет е првиот синџир маркети од типот хард-дисконти коишто постојат на македонскиот пазар. Во Македонија работат 80 КАМ маркети, лоцирани низ Република Македонија. Компанијата брои приближно 1200 вработени.

Како еден од лидерите во дисконт трговијата, КАМ Маркет на своите потрошувачи им ги нуди сите основни групи на прехранбени и непрехранбени производи со одличен квалитет по исклучително ниски цени.

КАМ Маркет ги задоволува потребите на целото семејство, и со своите редовни седмични понуди (четирипати месечно) внесува свежина во секојдневието.

КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: највисок квалитет по најниски можни цени. Овие принципи се гаранција за успех секој ден и насекаде – практичност, јасни структури во управувањето, колегијалност и правичност во работењето.

КАМ маркет, најпосакуваниот работодавач во категоријата маркети за изминатата година, значително го зголемува регресот за годишен одмор, кој годинава ќе изнесува 37.600 денари.

Со новото зголемување, регресот е за 14% повисок од исплатениот регрес за минатата година, а 175% повисок од законски утврдениот минимален регрес.

Покрај зголемувањето на регресот за годишен одмор, кој повеќе години наназад е повисок од просечна плата, КАМ најавува и дополнително проширување на листата на бенефиции.

Покрај овозможениот платен превоз и топол оброк за вработените во логистичкиот центар, новини се: обезбеден бесплатен превоз за вработените во маркетите со место на живеење над 5 км од работното место, како и колективно осигурување за сите вработени.

„Луѓето се највредниот капитал на секоја компанија, а ние во КАМ сме свесни за тоа. Токму затоа продолжуваме да ги подобруваме условите за работа и да им овозможиме придобивки поради кои ќе бидат задоволни, а со тоа и попродуктивни.

Тоа е и наша обврска – да го оправдаме епитетот „најпосакуван работадавач во категоријата маркети“. Дека сме на вистинскиот пат зборува и податокот дека речиси 20% од вработените во КАМ станале дел од нашето големо семејство благодарение на акцијата „Доведи пријател“.

Во рамките на оваа акција сегашните вработени добиваат паричен надомест доколку препорачаат лице што потоа ќе стане дел од нашиот тим“, велат од КАМ.

Правото на исплата на регрес за годишен одмор, односно К-15 е воспоставено со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и се однесува на сите вработени лица во приватниот сектор во Република Македонија.

Од 1ви јули до 31ви декември трае законската обврска на работодавците од приватниот сектор за исплата на регрес за годишен одмор.

Кој има право на регрес за годишен одмор, односно К-15?

Право на регрес за годишен одмор имаат работниците од приватниот сектор под услов работникот да е во непрекинат работен однос кај работодавачот во период од најмалку 6 (шест) месеци во тек на календарската година.

Како се пресметува висината на регресот за годишен одмор?

Согласно одредбите на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, со измените на Законот за данок на добивка (“РСМ број 151/2021) даночно признаениот износ на регрес за годишен одмор e зголемен од 40% на 80% од просечната месечна бруто плата по работник во Република Македонија, објавена до денот на исплатата.

Основица за пресметка на регресот за годишен одмор е просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија, исплатена во последните три месеци.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button