Еве кога може да го очекуваме првиот маркет на ЛИДЛ во Македонија

Компанијата Лидл ќе гради логистички центар во индустриската развојна зона во Горно Коњаре кај Куманово во Македонија.
Компанијата купи парцела од 17 хектари (170.996 м2) за која ќе плати 5,3 милиони евра. Информацијата со јавноста ја сподели општина Куманово која соопшти дека завчера на јавен тендер му продала земјиште на трговскиот синџир Лидл за изградба на логистички центар. На јавниот тендер по пат на електронска аукција учествуваа 3 фирми.
– Најповолен понудувач со највисока понудена цена беше фирмата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ со седиште во Скопје. Најповолна понуда е 1.906 денари за 1 м2, односно вкупно 170.996 м2 (~17ха) 325.920.015 денари (~5,3 милиони евра), соопшти општина Куманово.
Како што е наведено, по завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и исполнување на сите услови пропишани со јавната покана, недвижноста ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач, по што ќе биде спроведена ќе започне и ќе следат инвестициите.
Лидл во Македонија веќе извесно време бара работници за логистички центар, а неодамна беше објавено дека започнува со изградба на првата продавница во Битола на една од двете купени парцели.
На Регионалниот саем за вработување, кој годинава ќе се одржи од 24 до 31 октомври, учество ќе земе и реномираниотевропски синџир за малопродажба на храна „Лидл“, кој ќе ги отвори своите врати за кандидатите од Македонија, објави сајтот „Вработување“.
Фото: Пекселс
„Лидл“ е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна и е дел од групата SCHWARZ чие седиште е во Некарсулм, Германија.
Нивната успешна приказна започнува во 1973 година кога се отворила првата продавница во градот Лудвигсхафен под името Lidl & Schwarz KG. Оваа продавница, со само неколку вработени и 500 производи, станува основа на идната стратегија и проширување.
Фото: Пекселс
Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: Клиентите заслужуваат најквалитетни производи по цени што секој може да си ги дозволи.
Повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менува и подобрува заедниците низ 32 земји, каде што Лидл порасна и работи со околу 11.550 продавници и вработува повеќе од 341.000 луѓе.
Како датум на отворање на првите продавници во Македонија неофицијално се споменува 2026 година.
Фото: Пекселс
Освен во Македонија, Лидл во следните неколку години се очекува да ги отвори своите први продавници и во Босна и Херцеговина, пишуваат медиумите.