Реклама
Вирално

Се омажила за шеик, му родила син единец а потоа животот и се претворил во пекол: Од сведоштвото на оваа измамена девојка ќе ви се заледи крвтa- “НА ТЕЛЕВИЗИЈА ЈА ДОЗНАВ ВИСТИНАТА”!

Нивин искрео прозборе за бракот со шеик...

Реклама

Нивин Ел Гамал преживеала љубов како од шпанска сапуница.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

Имено една априлска вечер сосема и се променил животот а таа не ни помислувала дека таа вечер во 2003 година ќе го сретне човекот на кој ќе му роди дете и во кој ќе се заљуби.

Маркетинг

Нивин Ел Гамал била во еден јапонски ресторан во Дубаи заедно со својата пријателка кога од соседната маса им пришол еден од најбогатите луѓе во светот – шеикот Ахмед бин Саид Ал Мактум.

Маркетинг

Дамите биле импресионирани од мистериозниот маж а шеикот им побарал телефонски броеви.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

Како што открива Нивин тие утредента биле на вечера а шеикот им го открил својот идентитет.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

“Донесе списание и го стави пред нас. Беше на насловната страница. Бевме шокирани. Изгледаше премногу млад за да биде шеик”, вели Нивин за британскиот „Стандард“.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

Ахмед бин Саид Ал Мактум имал свој бизнис во Лондон како претседател на Емирати ерлајнс и како член на една од најбогатите и најмоќните династии во Емиратите.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

Неговиот татко, брат и внук владееле со Дубаи како емири, а за тоа време тој собрал неверојатно богатство, за кое се верува дека надминува 20 милијарди фунти.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

И Нивин потекнува од богато семејство а пораснала во палата во Мансура, антички град на околу 120 километри од Каиро. Нејзиното семејство било многу конзервативно.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

“Додека студирав, не ми дозволуваа ниту да одам во супермаркет. Татко ми не го поддржа мојот план да бидам дизајнер на ентериер, бидејќи тоа значеше редовен контакт со мажи, и со оние со понизок статус од мене” истакна таа.

Иако доживеа љубов како од бајките, сепак неколку години подоцна животот на Нивин се претвори во ноќна мора, која завршила на суд.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

Љубовната врска Нивин и нејзиниот шеик ја започнале неколку недели откако се запознале во Дубаи, кога Ахмед го посетил Лондон за да се види со неа.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

“Обично престојувавме во неговиот стан. Никогаш никој не ме привлекувал толку. Да ме замолеше да се фрлам во река, ќе го направев тоа”, рекла оваа жена. Двојката наскоро почна да има интимни односи – ова беше и моментот кога Нивин ја изгуби невиноста. Чинот ја исполни со вина; таа е воспитана во исламски дух и ја учеле дека девојката може да има односи само во брак.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

“Тоа беше многу добра врска и чувствував дека ќе се омажам за него. Купив дури и венчаница”, рекла таа. Во меѓувреме, таа уживаше во животот на девојка на милијардер – патувајќи низ светот и примајќи скапи подароци. „Часовници, накит, чанти, добив и чанта од Луј Витон од крокодилска кожа која никој друг на светот ја нема“, истакна таа за споменатиот медиум.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

На 24-годишна возраст, Нивин се преселила во англиската престолнина, каде студирала внатрешен дизајн на Американскиот универзитет со синовите и ќерките на благородништвото, градејќи аристократска мрежа на познаници и пријатели. Изнајмила стан во Нотинг Хил и уживала во културниот живот на Лондон. Таа отпатувала во Дубаи на консултации за градежен проект и тогаш го запознала шеикот.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

Врската им цветала две години. Таа не моела ни да замисли дека ќе и се случи она за кое не ни сонувала.

Имено на крајот на 2004 година дознала дека нејзиниот господин совршен имал жена Либанка и дека има ќерка со неа. Тој негираше и со години тврдеше дека тоа не е вистина“.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

Следната година пронашла докази за неверството на Ахмед:

„Кога се вратив од работа, на мојата перница најдов трага од розов кармин“.

Разочарана од шеикот Нивин решила да го остави а во 2006 година, по неколку месеци убедување, тие се смириле а тој конечно ја побарал за жена.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

Во јануари 2007 година, тие се венчаа на тајна исламска церемонија, пред двајца сведоци – Тарек и Хаким, кои тогаш работеле за шеикот.

Но по некое време Нивин се вратила во Лондон и повеќе не го видела сопругот.

фото : AP

Најшокантниот дел од нивната љубовна приказна е оној кога се сретнале на суд а тој тврдел дека би со неа повремено и дека се среќавале само за секс.

Неговите адвокати тврдеа дека Нивин е „куртизана“, а не сопруга, со тврдења дека парот се среќавал само повремено за да имаат заеднички секс.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

По породувањето не добила одговор !

Кога го известила дека се породила, дека има син и дека му го дала името Саид не добила никаков одговор.

По еден повик од нејзин пријател таа се шокирала. Кога видела на арапска телевизија дека мажот со кој се омажила пред неполни две години се оженил со една од неговите роднини.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

Нивин решила упорно да го бара шеикот и да му соопшти дека имаат син, конечно добила одговор.

фото : Профимедиа

„Ми се јави на 14 јули и ми рече: „Што сакаш? Сега знаеш дека сум оженет. Не те сакам и не го сакам ова бебе.“ Кога го прашав за развод, тој ми рече: „Веќе сме разведени“, рече таа по што таа доживеала нервен слом – го исклучила телефонот и се заклучила во својот стан. Полицијата ја затекнала како седи на креветот и плаче, а пријателите се плашеле дека се самоуб.ила.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

“Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Во нашата култура не постои такво нешто како самохрана мајка. Тој ја негираше врската со мене и негираше дека бебето е негово. Беше страшно. Се срамев да го кажам сето ова”.

Таа помина извесно време во Дубаи обидувајќи се да стапи во контакт со Ал Мактум, но набрзо се врати во Лондон. Останала без пари и поднела тужби на суд за тој да го признае бракот и да и даде алиментација за нејзиниот син.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

На судењето, неговите адвокати тврдеа дека Нивин е „куртизана“, а не сопруга, со тврдења дека парот се среќавал само повремено за да имаат заеднички секс.

Судскиот спор траеше со години, но по бројните рочишта и тестот за татковство, шеикот Ахмед мораше да го препознае својот син Саид, да му го даде презимето и месечна алиментација.

фото инстаграм/Нивин Ел Гамал

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button