Нашата позната водителка во пижами прави зимница – вистинска домаќинка, ја откри и тајната состојка
Македонската водителка се врати во родниот крај и со семејството правеше зимница.
Спенџарска покажа каква домаќинка е и откри која е нејзината тајна состојка за вкусен домашен доматен сос или салца.
Јелена Спенџарска која по потекло е од Берово, веќе извесно време живее во Солун заедно со нејзиното момче Лукас, поради работните обврски често доаѓа во Скопје каде има свој стан, но секој слободен момент го користи за уживање со семејството во Берово.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Деновиве Јелена е токму во Берово и максимално ужива во домашната атмосфера.
Освен што е таму поради своето семејство, таа престојот го користи да си ги извади и потребните лични документи.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Секојдневно споделува новости на социјалните мрежи, па така сега ги извести и своите фанови дека прават зимница.
Таа и нејзината сестра се одлучиле за правење салца, а Јелена на помош и мешање дојде во ни помлаку, ни повеќе, туку во пижами.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Водителката откри и дека нејзината тајна состојка за вкусен доматен сос е додадена во последната тура, а тоа е – да ви се исполни секоја желба што ќе ја посакате додека го јадете сосот.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска