Сузана Спасовска во издание во какво не сме ја виделе – пејачката се појави на сцената и го украде шоуто
Сузе во еден од најубавите фустани што сме ја виделе досега
Нашата позната фолк-пејачка Сузана Спасовска настапи на ревијалниот дел на фестивалот Охрид фест и ги воодушеви сите.
Популарната фолк-пејачка на охридскиот фестивал настапи со две наградени песни „Нека памети“ (2013) и „Измамена“ (2015), како и со нејзината најнова песна од Лешочкиот фолк фест „Во моето село“ која за кратко време стана хит меѓу љубителите на народна музика.
Пејачката покрај тоа што настапи на 30 годишниот јубилеј на фестивалот, таа беше и дел од жири комисијата, а од организаторите беше изненадена и со Плакета за долгогодишна соработка и збогатување и придонес на фестивалот со повеќе македонски песни и афирмација на истите.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Но она што пејачката со повеќедецениска кариера посебно ги изненади сите, беше нејзиното издание со кое се појави на сцената.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Имено, Сузана која уште од самиот почеток на својата кариера се истакнува со својот специфичен стил и овој пат ги изненади сите.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Таа на сцената се појави во необичен, долг фустан поинаков од оние што ги гледаме на нашата сцена и буквално блескаше во него.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Во прашање е бела креација со должина која досега до подот, со долги ракави и везено деколте во стилот на народните носии, додека долгиот ремен од тил во пастелно сина нијанса го „подига“ целото издание.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Пејачка го носеше со шик фризура врзана во преубава плетенка и големи обетки кои совршено се вклопија во ова издание.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Сите што беа присутни беа маѓепсани од ова издание со кое Сузе им одржа модна лекција на многу свои колешки.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Па, дали ви се допаѓа нејзиниот избор за овој настан?