Реклама
Наши ѕвезди

Пеам за народот, а не за парите: Адријана Кеш брутална по скандалот во врска со нејзиниот настап во Пеленица

Голем скандал во врска со прославата на 8 Септември

Реклама

По реакциите на нашинците од Австралија, многу музичари решија да го откажат својот настап за денешниот празник.

Имено, прв својот настап го откажа познатиот фолк-пејач Јордан Митев кој беше еден од главните ѕвезди на „Традиционалниот пикник во Пеленица“, по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Како што самиот објави на Фејсбук, тој намерно или ненамерно бил изманипулиран од страна на организаторите кои не му соопштиле дека настанот ќе биде партиски одбележан.

Пред тој да го откаже настанот, остра реакција за сите што ќе настапуваат стигна и од нашинците во дијаспората.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

По објавата на историчарот Ицо Најдовски – Перин, кој живее во Австралија, кој на Фејсбук го објави плакатот од настанот, со имињата на музичарите кои што ќе настапуваат на истиот, следуваше жестока расправија.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

„Ве молиме да не се срамите! Утре пак ќе треба да дојдите во Австралија, но ќе биде тешко за вас и за нас. Северните Македонци имаат свои естрадни уметници. Македонија нема што да слави сега. Нејзиното име е збришано, а со тоа збришана е и независноста!“ пишува историчарот во својата објава на Фејсбук, под која е и плакатот од прославата кој предизвика бурни реакции.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Перин потоа додаде и дека разговарал со Јордан Митев и дека тој му потврдил дека нема да учествува на прославата на СДСМ.

Настапот на Јордан Митев во Автокоманда

Во коментарите под објавата многумина ги критикуваа музичарите што решиле да се појават на овој настан, тврдејќи дека доколку го сторат тоа, ќе ги бојкотираат нивните концерти во Австралија.

Од нивните бројни реакции, и откажувањето на Јордан Митев да настапи на прославата, следуваа уште неколку откажувања.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Па така преку социјалната мрежа Фејсбук се огласи и брачниот пар Татјана и Новица Василевски кои живеат во Австралија и веќе неколку недели се во Македонија, кои исто така се откажаа од настапот.

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Како што објави Татјана на својот профил, наводно еден нивен колега им кажал дека ќе настапат на концерт на „Мерак Меана“, телевизиска емисија која што ја третира македонската фолк музика.

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Тие воопшто не знаеле дека станува збор за партиски одбележан настан и дека за истото дознале преку социјалните мрежи.

„Прифативме бидејќи фолк музиката е нашиот живот“, вели Татјана и додава дека откако дознале, веднаш го откажале настапот.

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

„Нас, како професионални музичари, не нé интересира политика, не сакаме да бидеме поврзани со ниту една партија и ќе останеме доследни на нашата љубов кон музиката и за музиката. Во име на музиката се оградуваме од сите политики. Нашиот престој во ТАТКОВИНАТА, освен да си дојдеме дома, да се видиме со најблиските, пријателите, роднините и публиката е и да создадеме нови МАКЕДОНСКИ фолк песни. Тоа и го направивме, а ќе имате прилика деновиве да ги слушнете нашите две нови песни и видео записи, напиша Татјана и на сите им го честита Денот на независноста на Македонија.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

По реакцијата на Татјана се огласија и од Мерак Меана, кои исто така појаснија дека дошло до недоразбирање и дека од организаторите на настанот побарале нивното лого да биде отстрането од плакатот.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Следуваше реакција и од пејачката Адријана Ацевска, попозната како Адријана Кеш, која се огласи и соопшти дека нема да настапува.

„Се крена голема фама околу моето откажување на настапот на 8 Септември, па сакам да ги демантирам порталите кои објавуваат било каква моја поврзаност со партијата. Уште еднаш ќе кажам, ова не е затоа што е СДСМ, за било која партија би го направила истото. Не сум партиски определена и не ќе бидам. Јас сум естраден уметник и пеам за народот, а не за партиите“, напиша Адријана на Фејсбук.

Реакциите на нашинците од дијаспората под објавата на Ицо Најдовски Перин

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button