Ова е нашиот херој на денот – велешанец кој на цела Македонија покажа што значи грижа и хуманост
Среќен е што е хуман, велат за овој човек неговите сограѓани
Ова е нашиот херој на денот
На социјалната мрежа на Фејсбук деновиве се споделуваат фотографии од еден човек кој со она што го прави ги освои срцата на сите.
Станува збор за возрасен човек, пензионер, кој се вика Џорџ, и кој самиот, со свои средства (а има пензија од 18.000 денари) постојано ги кова и поправа летниковците кај паркчето кај училиштето Васил Главинов во Велес. Тој самиот купува материјал, клинци, боја и тоа се од неговата скромна пензија.
Жената што ги објави неговите фотографии на Фејсбук, вели дека Џорџ заслужува награда, а побара и оние што се во можност да му донесат материјал, а овој неверојатен човек самиот ќе се погрижи за останатото. И така и се случи, веднаш се јави некој да донира материјалче, а Џорџ продолжи да работи насмеан и среќен што може да помогне, благодарен што добриот човек донирал материјал.
Фото: Фејсбук/ Бети Давитковска
Пристигна првата донација ,Џорџ е пресреќен и веднаш се зафати со работа, пишува во следната објава со овој добар човек на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/ Бети Давитковска
Фото: Фејсбук/ Бети Давитковска
Па, големо БРАВО за Џорџ, но и за Бети, жената која што ги објави овие фотки на Фејсбук и ни покажа дека меѓу нас се уште има големи луѓе кои заради своите постапки заслужуваат сечија почит.
Фото: Фејсбук/ Бети Давитковска
Во продолжение погледнете ги и коментарите што ги оставија луѓето на Фејсбук воодушевени од доброто дело на Џорџ.