Тој е неговата гордост: Џамбо Агушев со емотивна порака за својот единствен наследник
Популарниот македонски музичар му напиша емотивна порака на својот единствен наследник.
Џамбо јавно му го честиташе роденденот на својот син, кој е негова копија.
Со години амбо Агушев го носи епитетот „крал на трубата“ и оправдано.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
Уште од многу млад неговите родители увиделе дека има огромен талент за овој инструмент и знаеле дека ќе стане исклучително успешен.
Тој е вистински амбасадор на нашата земја. Со својот бенд, трубата и песната го освои светот.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
Популарен е и надвор од нашите граници, а има соработувано со најпознатите музички имиња на Балканот и светот.
И покрај светската слава тој се труди да остане скромен и популарност да стекнува само со својата музика, никогаш не е дел од никакви скандали и афери.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
Еден е од ретките кои не го кријат својот приватен живот, а често на социјалните страни знае да ја покаже и својата романтична страна ѝ да напише емотовна порака за својата сопруга Асена.
Toj има 4 деца, Мерт, Севги, Мелина и Алина, а тие се неговата причина и мотив да се бори и да чекори само напред кон успехот.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
По повод роденденот на неговиот син амбо напиша емотивна честитка на Фејсбук, со која ги трогна неговите фанови, а честитки веднаш почнаа да се нижат.
„Мој драг сине, убав Мертком, среќен роденден, драго ми е што те имам татин, те сакам многу, многу, Господ да ти даде живот со изобилство и здравје, Господ да те заштити од лоши луѓе. Секогаш споредувај се со добрите луѓе. Те сакам многу, мило ми е што си мој син, паша на тато“.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев