Нашиот познат пејач по трет пат стана татко – НЕГОВАТА ЌЕРКИЧКА доби преубаво православно име
Голема радост и прекрасна причина за славење има домот на македонскиот пејач
Маријан ја сподели убавата вест со своите фанови, па веднаш почна да добива честитки.
Популарниот македонски пејач Маријан Стојаноски, иако долги години е повлечен од естрадата, публиката и понатаму го памети, а неговите хитови ги знаат и поладите генерации.
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Маријан никогаш не се откажа од музиката, но сега работи во Македонската опера и балет и живее мирен живот, целосно посветен на своето семејство.
Во 2019 година ја запроси својата сакана Наташа, по што следуваше и свадба.
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Секое летенце – детенце е правило во нивниот дом, а плод на нивната љубов се ќерката Вероника и синот Петар.
На 4. септември се роди нивната трета среќа.
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Маријан се огласи на социјалните мрежи и ја соопшти прекрасната вест.
На свет дојде нивното трето дете, ќерката Кирјана.
„Ти благодарам Господе.
Добре ни дојде ќерко Кирјана.
Да си ни жива и здрава“, напиша Маријан на Фејсбук, а честитки веднаш почнаа да се нижат.
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Инаку, името Кирјана произлегува од името Кирана, а неговата оригинална форма е Κυράννα и има грчко потекло.
ФОТО: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Се претпоставува дека името е скратена форма од Кириа Ана, односно Кир-Ана, што значи госпоѓа Ана.
Кирјана може да биде и изведена форма од персиското име Кира, или пак словенска женска форма на името Кирил.