Северина го испрати својот син на училиште, но за разлика од другите мајки, таа не смее да се фотографира со него
Северина го однесе малиот Александар на училиште
Познатата хрватска пејачка Северина го однесе својот син на првиот ден од школската година.
Популарната пејачка на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која со гушка го испраќа малиот Александар
„Го славиме новиот почеток“, напиша таа.
Фото: Инстаграм
Инаку, нејзиниот син тргна во шесто одделение.
Фото: Инстаграм
Пејачката и еден дел од летото помина со него, и тоа на Корчула.
Но за разлика од многу мајки, таа на фотографиите од летувањето на кои што е со него мора да му го сокрие лицето. Имено, таа не смее да го покажува неговото лице на социјалните мрежи бидејќи има судска забрана која што ја побара таткото на Александар, Милан Поповиќ.
Фото: Инстаграм
Познатата пејачка пред само неколку дена се врати од Сен Тропе, каде со една фотка исто така привлече големо внимание.
Фото: Инстаграм
Во прашање е фотографија на која Северина е со познатиот актер и пејач Џаред Лето кој им е миленик на многу жени.
Токму затоа и доби бројни коментари од припаднички на понежниот пол кои не ги криеја своите симпатии кон згодниот Џаред.
Фото: Инстаграм
„Лето 2023“ напиша Северина во шега под фотографијата.