Евгенија и Вело Марковски го испратија ПРВАЧЕТО на училиште – гордите родители се пресреќни (фото)
Евгенија и Вело имаат посебна причина за радување
Поранешната манекенка Евгенија Марковска и нејзиниот сопруг овие денови имаа посебна причина за радување.
Имено, нејзиниот син е прваче и ова се неговите први денови што ќе ги помина заедно со своите школски другарчиња.
Таа на Инстаграм објави фотографија на која го гушка својот син кој со вратоврска и бела кошулка го започна својот прв школски ден.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Потсетуваме, Евгенија синот го доби од бракот со познатиот инфектолот Вело Марковски со кого имаат уште едно дете.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Нивната врска започнала во 2014 година, а во 2017 година го добија првиот син и стапија во брак.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Тие имаат и ќеркичка, која на почетокот од следната година треба да наполни две години.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Евгенија во една пригода за Гламур магазин откри дека Вело е одличен сопруг кој и помага во домашните обврски.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Тие и покрај големата разлика во годините, функционираат одлично и се вистински пример дека љубовта нема граници.