Македонската Пинк ѕвездичка се надмина себеси со најсексапилниот детаљ што сите го обожаваат
Изгледаше како милион долари
Таа е позната и по своите несекојдневни изданија
Младата атрактивна пејачка Мартија Станојковиќ на социјалните мрежи неретко објавува фотографии од своите модни комбинации.
Пејачката која се прослави со учеството во „Пинк ѕвездички“ и овој пат се огласи преку Инстаграм, но во издание за кое сите зборуваат.
Имено, Мартија објави фотографија на која носи несекојдневен стајлинг со кој во преден план го истакна своето женствено тело.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Облечена во бел корсет од тантела и бели панталони, пејачката блескаше, а целото издание го зачини со елегантни црни сандали.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Младата пејачка со ова свое издание никого не остави рамнодушен, за што зборуваат и бројните комплименти што ги доби.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Белиот корсет го истакна нејзиниот горен дел од телото и градите, додека белите панталони дополнително ја „зачинија“ комбинацијата.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Инаку, корсетите во последните неколку сезони се хит меѓу модните блогерки, а ги обожаваат и многу пејачки и актерки.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Впрочем доволен е само еден поглед на нивните профили и ќе забележите дека ова парче сега го носат и во дневни варијанти, со фармерки и шорцеви, но и во вечерни со фустани, здолништа, панталони…
Многу дами го обожаваат овој моден детаљ затоа што ги нагласува градите и ја прави половината визуелно да изгледа потенко.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Покрај тоа корсетите истовремено се сексапилни и практични за носеше, но и секое издание го подигаат на повисоко ниво.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Па, доколку ви е потребна инспирација како да носите едно вакво парче, погледнете ја галеријата во продолжение, се надеваме ќе пронајдете нешто што ќе ви се допадна…
Емина Јаховиќ