Реклама
Наши ѕвездиСтил

Цело Скопје се вртеше по неа кога се појави во ова – фолкерката зрачи со отменост и провокација

Елена со ова свое издание ги воодушеви сите

Реклама

Пејачката секогаш изгледа софистицирано и отмено, а со својот изглед испраќа порака дека е негувана жена што ја следи модата.

Нашата позната пејачка Елена Велевска важи за една од најубавите и најстилизираните пејачки на народна музика.

Впрочем тоа можеме да го видиме и од нејзиниот профил на социјалните мрежи, каде Велевска во последно често ги објавува своите модни комбинации и со својот женствен стил ги инспирира жените како да изгледаат елегантно и дамски, но и шик во исто време.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Таа овој пат ни покажа еднобојна и едноставна комбинација во која блескаше и покрај тоа што станува збор за црно издание.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Имено, пејачката за оваа пригода избра црн комбинезон и повеќе од сигурни сме дека ова нејзино издание ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Во прашање е комбинезон без ракави и со длабоко деколте, додека во долниот дел изгледа како да носи обични панталони.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Кројот на овој модел дополнително ја истакна беспрекорната фигура на Елена Велевска, но и нејзиното раскошно деколте.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Познатата пејачка целото издание го „зачини“ со елегантни црни сандали со тенки високи потпетици кои уште повеќе визуелно ги издолжија нејзините нозе.

Таа косата ја носеше ноншалантно пуштена преку рамениците, додека целата комбинација ја „заокружи“ со бел маникир и кармин во темноцрвена нијанса.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Како нашата позната фолк-пејачка изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button