Голема прослава во домот на Јана Тодоровиќ: Омилената фолкерка има голема причина за славење- еве што се случува, добива низа честитки!
Нејзината наслендичка слави полнолетство...
Фолк пејачката Јана Тодоровиќ не крие колку е горда и среќна на својата наследничка Кристина.
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
Наскоро таа ќе наполни 18 години, а има голема желба за прославата по тој повод да и пее колешката на нејзината мајка Шемса Суљаковиќ.
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
Имено, Кристина била снимена додека ја слушала песната на Шемса Суљаковиќ „Da su suze biseri“, а потоа признала дека имала една посебна желба.
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
– Нема да славам 18 роденден ако Шемса Суљаковиќ не ми пее – напиша наследничката на Јана, а тоа предизвика восхит кај публиката.
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
Инаку, Јана неодамна откри дека во нејзиното семејство подготвува прослава по повод 18-от роденден на Кристина.
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
– Наскоро мојата ќерка ќе го прослави полнолетството. Планиравме голема забава и ќе ги соберам сите мои колеги и пријатели да прославиме заедно – изјави неодамна Јана.
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
Јана не крие колку е горда на својата наследничка.
Многу се зборуваше за тоа колку е богат партнерот на пејачката со оглед на тоа дека живеат во Палас, а таа ја откри правата вистина за капиталот.
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
“Мојата ќерка е најголемото богатство. Се друго… Замокот што го имаме е во сопственост на мојот свекор. Ние сме големо семејство и тој е успешен и почитуван човек. Отсекогаш живеев скромно и во тој дух јас го воспитувам своето дете“, рече таа.
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
Инаку Јана Тодоровиќ повеќе од две децении е во брак со својот сопруг Иван.
Тие важат за еден од најхармоничните парови на естрадата, а парот се запознал кога Иван имал 21 година.
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
Иако секојдневно уживаат во љубовта, сопругот на Јана речиси никогаш не се експонира во јавност, а нивната приватност строго ја чуваат од љубопитните очи.
фото инстаграм/Јана Тодоровиќ
„Кога првпат те видов не ми се допадна, но кога почна да пееш се заљубив. Долго размислував и конечно ја отпеав песната на Цеца. Тој тогаш имаше 21 година“, рече Јана во една прилика кога зборуваше за нивната прва средба.