Вака изгледала нашата убава Лила пред 20 години – водителката и денес е една од најубавите Македонки
Лила покажа дека нејзината убавина не минува и дека се уште важи за една од најпосакуваните жени
И по 20 години изгледа како да не остарела ниту еден ден
Нашата позната водителка Лила Филиповска веќе со годни е во центарот на вниманието, а нејзиниот изглед отсекогаш се коментирал.
Впрочем тоа беше така и додека пловеше во музичките води, кога сними неколку спотови и песни кои беа големи хитови во тоа време.
Таа и тогаш со својата грациозна појава привлекуваше внимание и секогаш беше во епицентарот на случувањата во медиумите.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката и тогаш, како и сега, пленеше со својот шарм и убавина, а како изгледаше пред 20 години, можете да видите од една „стори“ објава што ја сподели на социјалните мрежи и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, Лила реши своите фанови на Инстаграм да ги израдува со неколку кадри од еден нејзин спот од пред 20 години.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Во прашање е песната „Ти верував до крај“, која беше голем хит во тоа време, а како Лила изгледаше тогаш, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Лила покрај овие снимки објави и една фотографија, од пред пет години, на која е облечена во црно од глава до пети.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
И ако ги споредиме овие нејзини изданија, со на пример оние последните, од Дубаи, ќе дојдеме до еден многу интересен заклучок.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
А тоа е дека нашата позната водителка отсекогаш била убава, но и дека таква е и сега, во шестата деценија од животот.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Лила и кога била во некоја кризи или пак, најсреќна во животот, секогаш знаела како да привлече внимание со својот префинет изглед – и досега никогаш никого не разочарала.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Па, големо браво за неа, нели?